СТАВ

Реџепи: Со негации, сомнежи, не верувања и ширење дезинформации, само повеќе ќе си наштетиме едни на други

Тоа што не сме го откриле не значи дека не постои.

Со зголемување на бројот на тестирања, се откриваат нови заболени и нови изворишта. Што повеќе се откријат и што побргу се изолираат, толку помали се шансите за ширење во иднина и толку поголема контрола ќе се има врз вирусот.

Затоа нема потреба од паника за зголемените бројки деновиве, но има потреба од свесност и совесност, придржување до мерките и известување на сите надлежни и блиски при појава на симптомите или при добивање на позитивен резултат од тестот.

Оттука, наместо да се ставаат градови во карантини, да се блокира економијата, да се наштетува на менталното здравје на граѓаните, треба да се поработи на свеста на граѓаните, но и на строго санкционирање на сите кои не ги почитуваат така лесните мерки. Но до тогаш, како да нема друг начин.

Маска, толку лесна и едноставна, или визир, антибактериски гел и сапун, вербален поздрав и 2-3 чекори оддалеченост, нема да расипаат пријателство, туку ќе го продолжат.

Само така ќе научиме да живееме со вирусот меѓу нас, но на дистанца од нас.

Со негации, сомнежи, не верувања и ширење дезинформации, само повеќе ќе си наштетиме едни на други.

Па, бујрум.

ФБ статус на Јасмин Реџепи

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Богојески: Албанец може да биде премиер на Македонија, но прво да ја добие довербата од сите граѓани

Влатко Зорба

Ристевски: Тест за човештвото

Влатко Зорба

Лазаревски: Во ВМРО мора да сфатат дека државата функционира (и тоа многу подобро) и кога не се на власт

Влатко Зорба

Туфегџиќ: Сите носиме политичка одговорност за Законот за спречување и заштита од дискриминација

Богојески: Охридскиот договор си го направи своето… како понатаму?

Влатко Зорба

Сарачини: Рама рече дека ќе се отворат границите на Албанија за сите соседи