СТАВ

Ременски: Како го „зезнавме“ Рајнхард Прибе!?

Просветителство, просветлувачи, просветление …

Во духот на денешниот празник, ќе Ви раскажам приказна, како успеавме да го „зезнеме“ познатиот Рајнхар Прибе; и, како „ги разбравме“ неговите препораки кои станаа алфа и омега во темелите на реформата на жабокречината во безбедносните служби.

Оваа приказна е вистинита и има живи, вистински актери. Немам потреба , ниту намера да употребувам псевдоними, плус никој не го демантираше напишаното и кажаното до сега, а од сега натаму нема да може.
Заради, обемноста на документацијата која ја следи оваа извонредна „јавна тајна во кругот на МВР“ и пошироко, приказната ќе ја поделам во ТРИ ДЕЛА – секој дел со свое наравоучение и факти.

🎯 ПРВ ДЕЛ – „ПАРЛАМЕНТАРЕН НАДЗОР“ ПО ПРИБЕ – WTF was that?
🎯 ВТОР ДЕЛ – ПЕНЗИОНЕР И „ПЕНЗИОНЕР“ !
🎯 ТРЕТ ДЕЛ – ТАЗИ ДУПКА, НЕ Е ДУПКА (Кој криминал, не е криминал) !

Најавив дека, ќе раскажам за тоа како многу наши сограѓани се пред судови и извршители за минорни долгови од 30, 500 денари и како државна институција „нема потреба/намера“ во Буџетот да врати повеќе од 250.000 евра незаконска „привилегија“ на еден привилегиран пензионер.

Но, не се само парите дел од оваа „зезанција“ со принципите на еднаквост и владеењето на правото во државата за кои зборуваше Прибе.
Привилегиите на привилегираниот пензионер на документи се показна вежба за тоа како во државата има дава типа работнички права – за привилиегирани и за сите останати, и како има привилегиран пензионер и сите останати пензионери.
Круна на „зезанцијата“ е тоа што привилегираниот пензионер стана „реформатор“ на жабокречината што ја создавал со години. Тоа е најголемиот шамар за Прибе и „успешна зезанција“ на неговите препораки.

И кога во тој конгломерат „на памет“ ќе влета (некоја си таму) пратеничка на која и текнало да прави надзор над „зезанциите“, тогаш станува проблем и се бара „решение“.
На „решението“ бибер, сол, вегета, црвен пипер и запршка дотураат сите фатените со паднати гаќи и „го наоѓаат“.

Прибе ?!
Каде е тука Прибе и како го „зезнаа“ ?!

За жал, Рајнхар Прибе и неговите препораки во овој случај станаа „тоалетна хартија“ со која си го избришаа носот, за да не ја намирисаат реата од жабокречината која се шири скоро секој мај-јуни во изминатите 10 години.

Оваа вистинска приказна ја знаат и претставници на меѓународната заедница, а треба да ја „научат“ сите идни пратеници кои ќе се осмелат да чепнат во парфимираната жабокречина од привилегии, пари, моќ, монтажи и неправо.

ФБ статус на Фросина Ременски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Шакири: Изгледа вмровците многу се уплашиле од предизборната коалиција на СДСМ

Влатко Зорба

Ориѓански: Балкански мажи !

Влатко Зорба

Алексовска: Не може само со Корона да сe знимава цел здравствен систем

Влатко Зорба

Жерновски: Голем ден за правдата, лош за „тефтерчињата“ на ВМРО- ДПМНЕ

Влатко Зорба

Богојески: Изгледа дека „сталинизмот” е сепак официјалната идеологија на „белата куќа“

Влатко Зорба

Груби: Политичката непредвидливост од било која страна е несериозна и неоддржлива за нашата земја

Влатко Зорба