СТАВ

Ременски: Не ги проектирајте општествените поделби на полицијата !

Оваа порака е до сите.

Нема моја – твоја, мои – твои полицајци. Има полиција која е одлика на сите политики до сега (добри и лоши). Верувам дека, ниту еден полицаец не сака да биде оквалификуван како криминалец, припадник на нечии табори, структури и сл. Исто така знам дека, сите полицајци сакаат исклучоците од нивните состави да не бидат примери за негативна генерализација.

Знам дека, наместо паради секој полицаец сака, на секој нареден ден на полицијата да се пофали со подобри услови за работа, подобра професионална надградба и најмногу од се вечно посакуваната и тешко достижна оперативна независност без смерници од секаков вид.
Знам дека, нема полицаец кој на денешен ден не се сетил на нивните загинати колеги. Но, исто така знам дека, секое положување на венец во нивно сеќавање ќе биде “полесно” ако имаа одговори на прашањата кои почнуваат со “зошто?”.

Знам дека, најголем дел од полицајците чекаат одговорност за сите кои ја злоупотребија полицијата или ги злоупотребија полицајците да остварат некои/нечии интереси. За да не се повтори, нели?

Нема да добите симпатии кај полицајците ако им направите или не им направите спот или реклама. Како што нема да добиете симпатии ако кажете чиј спот е подобар – оној со колите или оние другите. Спотот е најмалиот чин со кој треба/може да се одбележи денот на полицијата.

Дајте им слобода и простор да бидат полицајци, а не извршители на наредби!

Ако до вчера беа нашите херои како многупати до сега, денес во нивниот полициски час оставете така да биде.

Денес е денот на сите генерации полицајци и нивните семејства (да не заборавиме), зошто полицаецот во должноста кон државата по цена на животот не влегува сам, туку со целото негово семејство што ги преживува и живее деновите и годините на неговата служба.

Почит кон сите !

ФБ статус на Фросина Ременски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Рамадани: Да се надеваме дека претседателот на државата ќе го има во предвид поривот на луѓето за слобода

Влатко Зорба

Арнаудова: Во 17 часот излезете на терасите да им дадеме поддршка на здравствените работници и министерот Филипче

Влатко Зорба

Мишолиќ: Вистински новинар нема потреба од „ставот“ на Ќулавкова

Влатко Зорба

Куновска: Николоски својата општествена одговорност да ја покаже преку ставање на сите нивни украдени партиски илјадници квадратни метри на располагање за карантински простор

Влатко Зорба

Јанакиевиќ: Теориите на заговор се најголемиот заговор со кои Ви го празнат паметот на ваша сметка и во корист на нивниот профит

Влатко Зорба

Божиновски: Депресијата е на епидемично ниво, а никој не го адресира проблемот

Влатко Зорба