СТАВ

Сарачини: Државата под итно да преземе мерки против хулиганизмот

Државата под итно да преземе мерки против хулиганизмот! Денес во Ѓорче Петров за влакно е избегнат сериозен меѓуетнички инцидент. На повиците „Мртов Шиптар добар Шиптар“ од навивачи на улица (не на стадион), застана цела албанска свадба.

Мерки, веднаш! Не само полицијата, туку и Обвинителството кое добива пријави од полиција, но не презема ништо!

Ало, обвинители! Не ви e доста што ги тинтрате криминалците кои ни ја ограбија државата, сакате и војна да ни направите со вашето непостапување?! Малку ви се пари, сакате и крв?!

Не заборавајте, војната во Босна „почна“ на свадба! Или соберете се и соберете ги идиотите, или утре да знаете, ако има жртви, не се криви ни „едните“, ни „другите“, туку вие, разбравте ли?!

ФБ статус на Петрит Сарачини

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Биба: Почитувањето се купува со почитување!

Влатко Зорба

Божиновски: Кратки думи за Короната

Тричковски: Со членството на Македонија во НАТО, дефинитивно е поразена историската мисија на ВМРО

Влатко Зорба

Ѓорѓиева: Зголемете го бројот на автобуси, ако не сакате да се претворите во подвижна корона бомба

Влатко Зорба

Лазаревски: Супер (не)правични мерки

Влатко Зорба

Васиљ: Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжат со Мицкоски, ќе нема дно кое нема да го допрат

Никола Поповски