СТАВ

Сарачини: Изворот на кризата

„На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ“ .
Ова го изјави Мицкоски, човекот што го фатија жив во кафана со куп безбедњаци како крши мерки за справување со кризата, а богами и во теретани каде остава и собира опрема и отсјај. Човек, што не ги познава а ги критикува, ама и не ги почитува мерките, ќе го победел изворот на кризата.

Човек, што како лидер ниту пак неговата партија, барем како некаков партиски авторитет, не повика јасно и гласно да се почитуваат рестрикциите како што прават други партии, туку ги офираше како неправедни. Видовме како на тоа реагираа партиските ешалони.

И тој човек сега ни зборува за изворот на кризата?

А паметиме како почнавме во кризава. Не е така одамна, нема ни 3-4 месеци. Долго време бевме меѓу најдобрите во регионот и во светот во борбата со вирусот. Покажавме дека можеме да бидеме и дисциплинирани, и организирани, и солидарни…тогаш Mицкоски молчеше. После, „му текна“.

И, што се случи? Кои се тие што го рушат постојано системот и довербата на граѓаните? Кој вели дека нема да казнува, чии партиски и медиумски војски шират лажни вести за 5Г, чипирани вакцини..?

Или, пак, заборави дека до вчера со целата машинерија за алуминиум на шампитата не убедуваше дека одиме на „корона избори“, за сега да се јача дека ќе одел на избори да го победел „изворот на кризата“?

Во едно е во право Мицкоски. На овие избори мора да се победи изворот на кризата. И тоа, не изворот на корона-вирусот кој дојде од Кина и се тепа со вакцина и континуитет и дисциплина во мерки, туку изворот на вирусот што не јаде со децении, лудилото, кое е тука, меѓу нас.

ФБ статус на Петрит Сарачини

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Спасов: Ахмети шири омраза

Влатко Зорба

Спасов: Евтина демагогија на Мицкоски за да се спасат сите обвинети од СЈО

Влатко Зорба

Сарачини: Не се сомневам дека Шарените револуционери, оние што се бореа за вредностите, ќе знаат што да одберат

Влатко Зорба

Битиќи: Зa „екoномистoт“ Мицкоски

Влатко Зорба

Кекеновски: До кога со лаги и манипулации со граѓаните и сопственото членство

Влатко Зорба

Милчин: Печалењето политички поени за време на пандемијата е криминал

Влатко Зорба