СТАВ

Сарачини: Не се сомневам дека Шарените револуционери, оние што се бореа за вредностите, ќе знаат што да одберат

Во Шарената револуција, да не заборавиме најдраги мои,освен најбројната СДСМ, беа многу партии . Плус, некои луѓе кои излегуваа на тие протести и оформија партии потоа, со различни идеологии.

Но, освен партиите, таму беа младите, студентите, нивните родители наставници и професори, погазените вработени од образованието и здравството, стечајците, медиумските работници, стотици граѓански активисти, интелектуалци, уметници…се крена цело општество!
Самата револуција не даде партија, точно. Затоа што борбата на револуцијата не беше за власт, туку за вредности. Таа беше одговор на општеството на самоволието, криминалот и сеопштата деградација на системот и вредностите што ја донесе десетгодишниот груевизам.

А борбата за власт? Таа борба е легитимна, и ја водат политичките партии, за кои гласаат граѓаните. Да повторам, за време на Шарената револуција, имаше партии што предводеа или застанаа на страна на вистинските вредности, и тие што беа против. Добро ги знаеме кои се. Тие што беа со Шарената револуција, може со тоа само да се гордеат. тие што не беа, може само да се срамат, оти биле на страната на криминалот и режимот што ја опустоши земјата.

Но, тоа што не се преточи во партија, не значи дека Шарената револуција не успеа, или дека може да се присвои. Напротив. Токму тоа е нејзиниот клучен квалитет, тој што ќе ја вреже во меморијата на сите слободољубиви граѓанки и граѓани на Македонија. Таа борба за вредности, кои секој декларативно ги пропагира, а се поретко се практицираат во нашата преубава земја, која некој сака да ја отруе со лицемерие, омраза, криминал и насилство.

Шарената револуција беше слатка победа за сите граѓани, нивна победа, без оглед на партиската припадност. А борбата за тие вредности, очигледно, ќе биде долга. Во неа, изборите се клучни битки во кои граѓаните си даваат шанса да го подобрат системот. Таква битка ќе ни претстои и на 15 јули. Не се сомневам дека Шарените револуционери, оние што се бореа за вредностите, ќе знаат што да одберат.

ФБ статус на Петрит Сарачини

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Трајковски: Триумфот и падот на една “Империја“! (1)

Влатко Зорба

Антоновски: Приватните медиуми да ги заштитат новинарите и сите медиумски работници

Влатко Зорба

Тренчевска: Родовата еднаквост како збор во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ја најдов само еднаш

Влатко Зорба

Пировска: Поддршка за Бурнс и сите жени жртви на порталот „Доказ“

Протуѓер: Кога зборува фрустрацијата наместо разумот, решение е тешко можно

Влатко Зорба

Колемишевски: Да предлагаш ОДЗЕМАЊЕ од пензиите на граѓаните е безобразно и крајно несериозно

Влатко Зорба