СТАВ

Сарачини: Труеја дека никогаш нема да добиеме датум, дека нема НАТО

Во секое зло по некое добро. Северна Македонија членка на НАТО и старт на преговорите со ЕУ – не е лошо, за вакво време-невреме. Ова зло ќе помине за неколку месеци, но ќе остане остварувањето на децениските аспирации на огромното мнозинство граѓани.

Како и во овие мигови кога не можеме ниту да се израдуваме на нашите големи успеси и радости, таков беше и патот дотука. Со многу болни компромиси, одрекувања, жртвувања. И така, битка по битка, секој ден, три децении. Ретки се моментите кога сме имале миг, да земеме здив и да почувствуваме само радост.

За жал, нашата битка на патот на евроинтеграциите не беше само со критериумите и реформите. Наспроти секогаш беа и се сили кои се моќни, бескрупулозни, и кои сакаат да ја одвратат земјата од нејзиниот напредок. Труеја дека никогаш нема да добиеме датум, дека нема НАТО. Истите ги гледаме како се трудат да го злоупотребат дури и ова зло што го снајде цело човештво. Џабе им е. Губат постојано. Лузери.

Но, иако ги губат сите битки, им се откриваат сите лаги, продолжуваат да го голтаат срамот како ништо да не било, да прават циркус од себе, да лажат околу и да плукаат секој што не мисли како нив. Т’пи, но упорни, што би се рекло.

Сепак, дури и во вакви услови, притиснати од глобална пандемија, со многу внатрешни предизвици, со силни и гласни противници, не треба да заборавиме барем да си честитаме.

Честитки за сите кои се вложија во оваа перпектива и во овие наши заеднички победи, за нашите знајни, но и незнајни јунаци, кои одеа боси по трнливиот евроатлантски пат. Не одржа заедништвото на различните наспроти „чистото“ лудило. Ги добивме сите големи битки, така ќе го победиме и ова зло со вирусот, така ќе ги совладаме и сите предизвици во иднина. Живели, и чувајте се!

ФБ статус на Петрит Сарачини

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Арсовска: Ептен е солидарна олигархијата, најдоа решение на грб на сите граѓани и малото стопанство

Влатко Зорба

Пировска: Граѓани се казнуваат заради повреда на полицискиот час, но партиски митинзи ќе се дозволуваат

Макрадули: Борбата против вирусот и заштитата на планетата мора да биде заедничка

Влатко Зорба

Мицковски: Партија во вакви моменти не треба да постои

Влатко Зорба

Трпкова: Не се почитуваат мерки од недокваканост и инает кон државата

Јовановиќ: Ако влада ја назначила за министерка, владата да си ја отповика

Влатко Зорба