СТАВ

Савески: Сосема доволно е минималната плата за април и мај да важи само за избраните и именуваните лица

Дали е исто да земаш 80.000 плата, да имаш десетици и стотици илјади евра на банка и 2 месеци да земаш минималец со тоа да земаш 20.000 плата, да имаш кредити и да ти ја намалат платата на минималец?

Евтин популизам од Заев! Навидум како Мао Це Тунг да е, а фактички со неговите идеи ќе изврши страшен удар врз животниот стандард на вработените во јавниот сектор. И ќе ги поттикне капиталистите да ги сведат платите на минимални во приватниот сектор (зашто, како и секогаш, тие ќе се вадат дека немаат пари).

Заев, нема потреба да изиграваш Мао Це Тунг! Сосема доволно е минималната плата за април и мај да важи само за избраните и именуваните лица! И така имате безброј други привилегии што одат со вашата функција. Радикализирај во тој поглед и бори се за целосно нивно укинување, како за април и мај, така и за секогаш!

ФБ статус на Задравко Савески

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Ориѓански: Балкански мажи !

Влатко Зорба

Вангелов: Зошто бугарските тези се неодржливи: за националните идентитети

Најчевска: Освојувањето пратенички места не е цел на партијата во чие основање учествувам, туку орадие за промена

Забрчанец: Извршителот Мицкоски знае да ја качува само цената на струјата, тој не знае да качува плати!

Влатко Зорба

Божиновски: „Ми е гајле, не е на татко ми ова” е симптом на ова сиромашно и материјално и духовно општество

Влатко Зорба

Битиќи: Зa „екoномистoт“ Мицкоски

Влатко Зорба