СТАВ

Шаќири: Ефтината популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува уште поинфериорни да изгледаме, од тоа што им се причинуваме на Македонците

Артан Груби вети субвенции за приватни фирми кои ќе вработуваат Албанци (читај и други малцинства) додека Билал Касами побарал двојазичност во приватни фирми зошто дел од Албанците не знаеле Македонски! Значи дечки да се разбереме!

Прво ние не сме глупи, ни необразовани, ни прости, а фала богу здрави и прави, и конкурираме на трудовиот пазар еднакви со Македонци, и со Германци и дрги, и тука и во странство!
Не сме ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми.

Тоа што вие како партија можете да направите е барем мало делче од кадарот што го вработувате да не биде делегиран од вашата партија туку да им се даде еднаква шанса на сите Албанци, без разлика на тоа има, или нема вложено труд за партијата (или поедува или не партиска книшка).

Второ, ретко кој дипломиран Албанец не знае Македонски. Тие што студирале надвор од државава може да не знаат, ама тие не ви се враќаат тука да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка.

Двојазичност неможете да наметнете кај приватни сопственици, па ни Македонски јазик не можете да наметнете кај Албански и странски приватни фирми што работат тука.

Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комшија и зборува освен својот Македонски јазик и Албански, па се до поголеми фирми.

Конечно претсанете да не омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите. Оваа ваша ефтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да уште по инфериорни изгледаме од тоа што им се причинуваме на Македонците.

ФБ статус на Лиса Баути Шаќири

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Жерновски: Продолжуват трагикомичните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба

Тричковски: Одиме во Европа

Влатко Зорба

Забрчанец: 2/3 за Законот за јавно обвинителство носат правда, правна држава и европска иднина

Влатко Зорба

Спировска: Правдата не ни сака да дојде, а последната надеж ги пакува куферите

Влатко Зорба

Јордановска: Лупнете ја малку главата од ѕид и сфатете дека секој од вас има одговорност

Ѓуров: Подобро компромис и движење напред отколку дома да мислиш дека си во право, а во суштина да тонеш во жив песок

Влатко Зорба