СТАВ

Шакири: Изгледа вмровците многу се уплашиле од предизборната коалиција на СДСМ

Геровски продолжува да вади од контекст, изгледа вмровците многу се уплашиле од предизборна коалиција на СДСМ со една или повеќе партии од албанскиот политички блок. Сега е проблем изјавата на Заев „СДСМ не е македонска, туку мултиетничка партија“. Па Геро вели „СДСМ е македонска партија другар Заев“…„а да не се знае дека СДСМ е македонска партија е многу грдо!“.

Ете, да не беше овој текст јас лично нема да знаев, се досега мислев дека СДСМ е француска партија. Единствено што му е точно во колумната (се друго е спин, па дури плаши и потсеќа на Тиранската платформа хахахаха) е констатацијата дека СДСМ не е етничка партија.

Токму така, СДСМ е граѓанска партија, а во неа не само што членуваат, туку и дел од раководните структури на партијата, нејзини претставници во законодавниот дом, носители на локалната власт и др. се Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми, Власи….главните индикатори што дефинираат етничка партија се:

1. Името на партијата (Социјал демократски сојуз на Македонија е името, не е Социјал демократски сојуз на Македонците).

2. Програмата на партијата (како последица на таа програма за СДСМ гласаа од 30-50 илјади Албанци, како и Турци, Бошњаци, Срби, Власи, Роми покрај Македонците).

3. Статутот на партијата – Член 2 од статутот на СДСМ гласи “Унапредување и афирмација на меѓуетничкиот соживот и меѓурелигиска толеранција и дијалог“).

4. Членовите на политичката партија (да повториме, Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Власи, Роми….).

Значи Геро, сите политички партии регистрирани во Република Македонија, и тие што ќе се регистрираат сега во Република Северна Македонија се македонски политички партии, а единствената разлика помеѓу СДСМ и останатите е дека СДСМ е граѓанска партија, а другите се етнички партии.

Се надевам дека освен Геровски, другите разбрале што сакал Заев да каже, а тоа е дека СДСМ не е само партија на Македонците, туку е таа партија на сите граѓани, припадници на сите етнички заедници, односно граѓанска партија или како рече тој „мултиетничка“.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ на пример која е чисто етничка партија, еве покрај самото целосно име на партијата, само Член 7 од нивниот статут ќе го цитирам „ВМРО-ДПМНЕ е народна партија со демохристијанска ориентација која се заснова врз христијанското поимање за човекот………..“.

И точно е да, партиите со кои се зборува за потенцијална коалиција се етнички партии (БЕСА, ДПА), и што е проблемот тука, доколку се усогласат програмските цели, впрочем СДСМ веќе се промовираше како партија која се бори за правата на сите етнички заедници.

Чуму паниката господин Геровски? Не е проблем на СДСМ, Беса или било која друга партија што ВМРО немаат коалиционен капацитет, веќе ни постизборен, а камоли предизборен.

ФБ статус на Ерол Шакири

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Најчевска: Освојувањето пратенички места не е цел на партијата во чие основање учествувам, туку орадие за промена

Милошески: Слугата на унгарскиот бегалец е „ризик фактор“ по внатрешната стабилност на државата!

Влатко Зорба

Тричковски: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа како фасада

Влатко Зорба

Ристевски: Тест за човештвото

Влатко Зорба

Ристиќ: Со неодговорност, од полицијата може ќе се скриеме, но од вирусот не!

Влатко Зорба

Жерновски: Продолжуват трагикомичните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба