СТАВ

Шакири: Ние сме повеќето не толку необразована, колку што сме проста маса

Мислам дека некогаш треба на вистината да и се погледне во очи. Колку и да се обидувам да не ги генерализирам работите, едноставно поголемиот дел од нашето население за жал нема елементарна култура. Ние сме повеќето не толку необразована, колку што сме проста маса. Затоа сега ќе генерализирам и ќе речам дека ние сме најверојатно поднебјето со најниска свест во светот. Залудни се препораки, залудни се мерки, се е залудно, не влага во главата наша дека нешто се препорачува и прави за наше добро.

Половината сеуште урлаат заради државните мерки за рестрикција, другата половина се однесуваат како животни, едноставно како да им е исклучена едната хемисфера мозочна, во функција е само онаа која им дава можност да се движат, ама не и да мислат. Па добро бе луѓе, 1 метар растојание, па за вас се работи бе луѓе. Значи дали сте на метар дали сте на сантим не е битно за брзината на услугата, исто време ќе помине, ама битно е за вашетo здравје и живот. Убаво вика Тричко,животот има цена, цената е една пензија.

Погледнете каде се наоѓа Џибути на интернет и колку е развиена, нема тука полициски мерки, нема полициски часови има само препораки. Ќе ви пуштам слики деновиве да видите како луѓето фино културно по маркети и банки се држат на метар минимум растојание. Значи Џибути, не Јапонија или Шведска.

Нека се прекинат под итно сите вонредни мерки на државата, нека се пушти комплетно од контрола, имунизација на стадо, барем економијата нема да страда. Ќе умрат повеќето од старите и болните ама тоа е, може да почнеме од сега да ги прежалуваме. И уште нешто да, немој да одите на клиника кога ќе се разболите, зошто знаете и онака дека нема капацитет здравството да ги згрижи сите, или можеби ни тоа не ви е јасно. Доктори, медицински лица со денови не спијат, фамилија не гледаат, се разболуваат и самите за да се борат со ова, за кого бе, за кого?

ФБ статус на Ерол Шакири

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јовановиќ: Само требаше за момент да бидат луѓе

Влатко Зорба

Јовановиќ: Може Будимпешта да се пенави до утре, нереди и насилства никој нема да им дозволи

Исмаил: Ветото на Бугарија е безбедносно прашање

Влатко Зорба

Петровски: Куманово се повеќе наликува на “жртвено јагне„!

Влатко Зорба

Костовски: Гуми за џвакање

Влатко Зорба

Богојески: Помалку смешен „рашелов патриотизам“, повеќе државничко однесување!

Влатко Зорба