СТАВ

Шоптрајанова: Џабе сме учеле основно школо, речиси ништо од основните работи не ни е јасно

Ве молам задолжителни онлајн часови по биологија и основи на здравство за сите возрасни. Со полагање испит. Подготвена сум да се вклучам во организација и со увидот што го имам читајќи секакви опаљотки и неразбирања.

Џабе сме учеле основно школо, речиси ништо од основните работи не ни е јасно.

Исто како што сме тапа за равенкине со сликички и не контаме редослед на операции, исто како што пишуваме незнам и сватив, така и со ова.

Антибиотици против вируси, пероксидот е алкохол, а еве и не знаат зошто не сме се тестирале масовно.

Секој втор статус лелека.

Па и луѓе за кои мислиш дека не забушавале во основно школо.

Еднаш цртав, ај пак. Не е јасно тоа со лажно негативните резултати?
Ај сите, и машки и женски, масовно да се тестираме за бременост и сида, ден после незаштитен однос. Мислите дека ќе дознаеме нешто посебно или точно? Ова не е цртан филм, не е магија, треба време за во организмот да се развијат (и тоа во доволен број или концентрација) материите што ги покажува тестот. Еве и да има бесконечно многу тестови, треба да се знае кој, кога, како да се тестира.

Што ако се тестираме сите утре, ако некој се заразил пред еден месец и веќе прележал, а некој се заразил пред пет часа и нема тест на светов што тоа ќе го детектира.

Ќе испотрошиме тестови, а пак ќе знаеме исто колку сега.

Едноставно е – и без тестови, треба да се однесуваме како да сме сите заразени и како да се заразени сите околу нас, толку да се пазиме. А на матичен да се ЈАВИМЕ (НЕ да одиме) ако имаме симптоми или ако дознаеме дека е заразен некој со кој сме контактирале.

ФБ статус на Јасна Шоптрајанова

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Димитров: Кој е „ЗА“ Законот за ЈО гласа за правна и европска држава! Кој е „ПРОТИВ“ гласа за криминал

Влатко Зорба

Јовановиќ: Ако влада ја назначила за министерка, владата да си ја отповика

Влатко Зорба

Силјановска: Вонредна состојба – вонредни закани

Влатко Зорба

Трпкова: Ако сме смирени и следиме препораки има шанси да се извлечеме без катастрофални последици

Влатко Зорба

Жерновски: Животот ја победи смртта

Димитров: Драги пријатели од Унијата, вие сте на ред!

Влатко Зорба