СТАВ

Силјановска: Уставниот суд храбро да реагира на вирусот на неуставноста

Конечно, се огласи Уставен суд : будно ја следел и анализирал вонредната состојба, небаре, think – tank е!

Го охрабрувам да се соочи со владата и храбро да реагира на вирусот на неуставноста, давајќи и уставноправна лекција на семоќната (НЕ)ПРЕОДНА Влада, иницирајќи постапка за оценка на уставноста барем на две уредби со законска сила: Онаа за надомест на средствата на јавнообвинителските службеници, истражители и други вработени од СЈО, како и онаа за издавање од НБМ банкноти со новото име.

Во случајот на првата, врвна хипокризија е Владата, како творец на ПРАВНАТА ПРАЗНИНА, предвидувајќи дека законот ќе стапи во сила ДУРИ ВО ЈУЛИ, да се повикува на неа, кога наврат- наглава го истурка неговото донесување.

Кај втората, дури ни според Преспанскиот договор не е обврзана да го спроведува овој правен чин, оти, сеуште не сме добиле датум, ниту сме отвориле поглавје или кластер во преговорите за членство во ЕУ. Згора, секаде се знаат приоритетите во вонредна состојба: здравјето и слободите земајќи ги предвид правата на човекот и граѓанинот.

На потег е Уставниот суд.

ФБ статус на Гордана Силјановска

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Марковска: На толку изместени постулати, нормално дека нормалното ќе стане ненормално…

Влатко Зорба

Забрчанец: Мицкоски бара да го оставиме Груевски, тој бил само негов!

Бојаровска: Сите ние сме зомбиња што само негде брзаат, а нигде не стигаат

Влатко Зорба

Трпкова: Овој вирус е најголем тест за капитализмот

Влатко Зорба

Мицковски: 5 вести далеку поважни од коронавирусот

Влатко Зорба

Мојсова: Не е во колапс здравствениот систем, здравствените работници се во колапс

Влатко Зорба