СТАВ

Смаиловиќ: Ако Рамазанот седевме дома и Бајрам ќе можеме да седиме дома и да се придржуваме до препораките

Рамазанскиот Бајрам е радост за секој муслиман, радост е и за оној кој постел, се воздржал од храна и напитоци, од лош говор…Тој ден е ден на славење за нас надевајќи се на наградата од Господарот.

На крајот од овој месец секој има обврска да подели одредени парични средства или храна (садекатул фитр) на сиромашните сограѓани како тие би се подготвиле за Бајрам. Ова е прекрасна обврска кој ги радува сите, едните среќни што можат да поделат и да ги потполнат обврските на постот а другите кои деновите на Бајрам ќе имаат храна на својата маса.

Верникот е свесен дека грижата за луѓето околу него му е обврска, но не само грижата за храната туку и грижата за јавното здравје.
Жал ми е што читам на социјалните мрежи како верниците се доживуваат и опишуваат како несвесни за состојбата во која се наоѓаме и епидемијата со која се соочуваме и инсистираат на собиранки, колективни молитви…

Но, исламот учи дека колективното добро е пред индивидуалното…

Вистинскиот муслиман, не шири омраза, не сее страв… Верските заедници имаат обврска да бидат столбот на мирот и сигурноста и да направат се за да ги заштитат своите припадници.

Покажаната свест на почетокот на епидемијата која ја видовме кај ИВЗ требаше да продолжи се додека не е секој безбеден.

Не судете за исламот врз основа на делата на припадниците, далеку сме сите од благородното учење.

Ако Рамазанот седевме дома и Бајрам ќе можеме да седиме дома и да се придржуваме до препораките на здравствените институции.
Со роднините ќе славиме многу Бајрами, битно е сега да не бидеме причината за ширењето на епидемијата.

Не го заборавајте учењето на Пратеникот Мухаммед, а.с.: „Кој ќе спаси еден човечки живот како да го спасил цело човештво.“

Ако сите не се заштитиме никој нема да биде безбеден…

Нека ни е со лесно крајот на рамазанскиот пост и знам дека овој Бајрам ќе биде различен од другите, но, неговата суштина ќе си остане.

ФБ статус на Мерсиха Смаиловиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Богоевски: Еве зошто „Не!“

Влатко Зорба

Забрчанец: СДСМ носи развој и сигурна иднина, ВМРО-ДПМНЕ нуди страв и мрачно минато!

Влатко Зорба

Мицковски: 5 вести далеку поважни од коронавирусот

Влатко Зорба

Лукароски: Во многу земји коронавирусот е ставен под контрола – таму нема литии и причести со едно лажиче

Ѓуров: Првиот чекор во оздравувањето е да признаеме и прифатиме дека сме болни

Влатко Зорба

Шилегов: Тенка е линијата помеѓу наивноста и глупавоста

Влатко Зорба