СТАВ

Спасов: Ахмети шири омраза

Време е новинарите да го прашаат Ахмети дали тој или било кој до сега побарале или предложиле некој Албанец за премиер. И ако побарале или дале таков предлог дали тој нивни предлог бил отфрлен заради етничкото потекло на кандидатот или бил надласан од неалбанците.

Ако тоа не се случило никогаш до сега тогаш треба Али Ахмети да биде обвинет за ширење на омраза и на етничка нетрпеливост бидејќи тврди, без било каков доказ или причина, дека тоа што до сега Албанец не станал претседател на владата било резултат на “дискриминација”на Албанците и чување на етничкиот монопол на Македонците на таа функција. Такво лажно тврдење и кампања се казниви според закон. И срамота се за некој кој говори за човекови права и европски вредности.

Освојувањето гласови на избори со подметнувања и лажни обвинувања на цел еден народ не му служи на чест ниту нему ниту на оние што неговата мантра и аргументи ги употребуваат.

Можеа да се пофалат со се што постигнаа во коалицијата со СДСМ, но тие ја избираат реториката од 2001 година. Жално и срамно.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Ориѓански: Последниот метак ќе треба сами у глава да си го треснете, за да се спасите

Влатко Зорба

Косотова: Државата конечно треба да го регулира секој аспект од функционирањето и работењето на религиозните институции

Влатко Зорба

Кекеновски: Старата римска традиција во македонски услови

Влатко Зорба

Алексовски: КОМИСИЈАТА, па КОМИСИЈАТА… [за исправноста на одлуките]

Влатко Зорба

Спировска: Правдата не ни сака да дојде, а последната надеж ги пакува куферите

Влатко Зорба

Арнаудова: Во 17 часот излезете на терасите да им дадеме поддршка на здравствените работници и министерот Филипче

Влатко Зорба