СТАВ

Спасов: Барајќи рогови можеш да останеш и без уши

Али Ахмети само го провоцира македонскиот национализам. Ако не биде прифатено било кое негово барање да може да каже: Сите се исти. “Не не сакаат. И за разлика од нас Албанците кои сме космополити, тие етнички се фрустрирани”. Тој ги турка со провокација сите Македонци и припадниците на сите други етнички заедници во обединување за да може да каже:”Мора ние да се обединиме против нив”.

Тој чезнее да биде на чело на Обединетите Албанци како во 2001 година кога “со крв ја обезбедувал слободата и рамноправноста”. И живее во тој филм.

И затоа не треба да се наседнува на такви провокации.

Не е патриотизам ние да се обединуваме против нив. Тоа е национализам.

Патриотизам е она што го покажа Заев во однос на Грција и Бугарија. Да се нудат одговори а не изговори. Смирено и без непотребно наседнување на провокации.

Интересите се бранат најдобро ако имате разбирање за нивните проблеми но и ако тие се подготвени да ве разберат вас. Без тоа, обединувањата на двете страни ќе водат само кон оддалечување и распад.

Заев и неговиот тим со ладна глава до сега решаваа многу потешки проблеми од составување влада. Може би во резерва крие и некое двотретинско мнозинство

Тоа треба да го има на ум и оној што ја чул поговорката дека „Барајќи рогови можеш да останеш и без уши“.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Дац: Да се протестира и против глупавоста, која за жал не се лечи

Мехмети: Риби како Вмро и Дуи најдобро пливаат во матни води

Влатко Зорба

Отец Тодоров: ЦЕЛО СКОПЈЕ во светлината на ВОСКРЕСЕНИЕТО!

Влатко Зорба

Тричковски: Следете ја трагата на интересот

Влатко Зорба

Забрчанец: СДСМ носи развој и сигурна иднина, ВМРО-ДПМНЕ нуди страв и мрачно минато!

Влатко Зорба

Јовановиќ: Ако им се удоволат барањата на коморите, државата целосно ќе крахира

Влатко Зорба