СТАВ

Спасов: Кичеец за пратеник, Камчев за „Шпицен кандидат”за премиер

Според порталот „Курир“ српски тајкун со руски пари го финансирал превратот во Црна Гора за да се спречи нејзиното членство во НАТО. А тој истиот тајкун, кој преживеал атентат врз него во Белград во декември минатата година и е кум на поранешниот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ , со руски пари го помагал референдумот во Македонија за влез на земјата во НАТО.

Телефонска изјава од него е крунскиот доказ за неговите руски операции на Балканот.

Негов платен човек за посредување и за средување бил Милевски Кичеец , вработен кај несудениот бугарски почесен конзул Орце Камчев.

А Камчев го финансирал Мицковски кој за возврат му ветил дека ќе го сруши СЈО и дека нема да дозволи да биде усвоен нов закон за Јавно обвинителство со кој почнатите предмети од СЈО ќе ги превземе редовното Јавно обвинителство.

Мицкоски земал пари од Камчев со ветување дека ќе направи се за да пропадне судскиот предметот „Империја”. Камчев преку Кичеец барал од Мицковски да не го прима Мијалков во белата палата.

Мицкоски потврдил дека не го прима Мијалков, но изјавил дека ги прима неговите пари за финансирање на партиски митинзи и води кампања во која тврди дека Мијалков станал близок со Заев.

Сето тоа од снимени телефонски разговори на Кичеец кој беше клучен сведок ,обвинет и осуден во аферата “Рекет” во која Камчев беше прогласен за „сведокот-жртва”.

Ме чуди како така способен човек како тој Кичеец не е кандидат за пратеник и зошто Орце Камчев не е “шпицен кандидат” за премиер.Тоа би била вистинска „Обнова на Македонија”.

А можно ли е и Мицкоски да го рекетирал Камчев за да го спасува со обструкција на правдата или пак Орце нудел и давал мито кај што ќе стигне, вклучително и на „кики фрики новинарството” само за да се спаси од “неправдите”.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Забрчанец: Се зајакнуваат меките мерки за да не мора да се заоструваат рестриктивните

Влатко Зорба

Јовановиќ: Не може граѓаните да бидат жртви и заложници на еден конфузен и безидеен политичар

Богоевски: Воопшто не е изненадувачка и (де)еволуцијата на приоритетите на Левица

Влатко Зорба

Јовановиќ: Вакви неодговорни пробисвети оваа држава не памети

Влатко Зорба

Алексовски: КОМИСИЈАТА, па КОМИСИЈАТА… [за исправноста на одлуките]

Влатко Зорба

Сарачини: Лудаците ќе тропнат и на ваша врата