СТАВ

Спасов: Мицкоски не е и никогаш не може да биде пристоен и елементарно писмен политички соговорник

Од она што го демонстрираше Мицковски во дебатата со Заев сфатив дека Мицковски е невиден простак. Неговиот простаклук, цинизам и видлив садизам од изразот на лицето не можат да го затскријат сите докторски и професорски титули со кои се накитил.

Влезен е во фаза на ароганција, заканување и демонстрирање на максимално омаловажување на соговорникот.

Оттука тој не е и никогаш не може да биде ниту пристоен ниту елементарно писмен политички соговорник.

Затоа е големо прашање дали заслужува да биде удостоен со било каков соговорник додека не научи да го почитува противникот и да се придржува до правилата на играта. Или барем додека не научи да не говори за некаква „вистинска вистина” бидејќи како политички талент веројатно е убеден дека постојат: вистина, лажна вистина и вистинска вистина☺

Поголемиот дел од дебатата се однесуваше како Талат од серијата „Преспав“. Секогаш кога ќе се споменеше 11 годишното владеење на неговата партија одговараше како Талат . „Јас незнаем ништо за тоа. Јас не сум оттука. Јас сум од Џепчиште”.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Костова: Легализација на марихуана, не само за медицински, туку и за рекреативни цели

Влатко Зорба

Димитриевски: Вергината била и ќе биде дел од нашата историја и истата со брусалица не се брише

Божиновски: Вашето право на движење не е поголемо од нечие право на живот

Влатко Зорба

Мишолиќ: Доволно е само да се потсетиме кои се и што правеа 11 години на власт…

Влатко Зорба

Михајловски: А вие мислите дека ние сме глупави?

Костова: Коронавирусот е катастрофа, ама барем ја разоткрива тоталната непотребност од свадбената индустрија