СТАВ

Спасов: Обнова на злото

Мицкоски и дружината прават целосно имбецилни изборни спотови. Глупавоста да болеше нивните нарачатели ќе вриштеа од болка. Клучната поента им е да прикажуваат некакви кризни ситуации по кои Мицковски се појавува и нуди спас за луѓето со свиткани кичми, на оние што трганале да си одат од земјата или се на пат СДСМ “уште еднаш да ги измами”.

Тој со допир исправа кичми, со еден збор убедува дека носи спас од злото и народот како маѓепсан во неговите спотови тргнува по новиот Исцелител.

Но, глупоста во спотовите тука не запира. Таа се повеќе преминува во ширење не само на лаги туку и на клевети за кои во цел свет кривично се одговара.

Обвинувањата по име презиме на судии и обвинители и на други лицс за нечесност, некомпетентност и политичко подаништво без докази можат да си го дозволат само луѓе кои навикнале на неказнивост и кои веќе се убедени дека со партиската функција стекнале како Џемс Бонд” лиценца за убивање” на оние што ги означиле за свои политички непријатели.

Тие веројатно никогаш нема да помислат, дека зборот прободува посилно од мечот. Тоа го правеше неказнето пропагандата на Груевски 11 години.

Пропагандното насилство што за пари преку нивните спотови и прес конференции го шират медиумите не е помало зло од физичкото насилство.
Кога лидерот на една партија и неговата дружина јавно со прст ќе почнат да покажуваат “виновници, платеници, национални предавници и криминалци” така наречени само затоа што ги сметаат за пречка во остварувањето на нивната политичка цел, тогаш тоа не е далеку од моментот кога некој малоумник а нивни политички приврзаник ќе реши да ја земе правдата во свои раце и оцрнетите или членови на нивните семејствс да почне да ги убива.

Насилството во Собранието на 27 април 2017 година беше поттикнато и инспирирано од ваков вид на пропагндни кампањи. И затоа глупавоста треба да се санционира.

Мицковски и дружината очигледно се решени да ја тестираат правната држава.

И таа мора да почне да се справува и со овој вид насилство пред да стане состојбата многу полоша. Многу пред да добијат можност да го обноват злото кое го поднесувавме 11 години.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Гешовска: Патологијата која избликнува од ликот, зборовите и насилните нарцистички повици на Апасиев е амблемно за оваа култура

Влатко Зорба

Зекири: Граѓанскиот концепт „Едно општество за сите” ги победува стереотипите

Влатко Зорба

Ангеловска: Да си го цениме здравјето, да покажеме емпатија, да мислиме на докторите

Влатко Зорба

Сугарески: Да ја оспорувате посветеноста на Филипче во борбата со пандемијата е обично лицемерно „хејтање“

Влатко Зорба

Спасов: Евтина демагогија на Мицкоски за да се спасат сите обвинети од СЈО

Влатко Зорба

Николовски: Не си играјте играчки од типот: „како не, дома ќе седам; глупости нема корона кај нас; или млад сум, ништо не ми е..”

Влатко Зорба