СТАВ

Стеријовска: И двете страни сосема ненамерно ја позиционира Шарена револуција светлосни години далеку од себе

Муабетот на Заев за шарена револуција покрај крајната несоодветност и ароганција сепак дава еден историски контекст кој низ годиниве навака е од многу страни оспоруван.

Шарена револуција беше автохтоно граѓанско движење кое само по себе имаше интегритет, визија и креативност да оформи своја политичка артикулација, симболика и легитимитет. По логика на нештата ако претседателот на сдсм во приватен разговор зборува за шарена како фактор кој треба да се неутрализира понатаму со инкорпорирање во коалиција, тоа несомнено сведочи за неговата свесност дека ја нема контролата над тоа движење како што некои релативизатори, “исташи” и режимски креатори на јавно мислење сакаа да претстават.

Исклучително интересно е како оние што до вчера ја едначеа шарена со сдсм, денес први прашуваат како ни се мајките?

Ако смеам да одговорам и ним и на кандидатот за премиер Зоран Заев…

Мајките ни се горди, горди на тоа што нивните деца имаа храброст прво да веруваат а потоа силно и искрено да се борат за подобро утре. Горди се оти кога почнавме тоа изгледаше како борба со ветерници а кога завршивме режимот беше паднат без изгубен човечки живот. Горди се на тоа што создадовме приказна која сега и во иднина ќе може да се користи како аргумент за силата на граѓанското организирање. На крај, горди се затоа што вакви изјави од едни политичари и оние другите од други политичари јасно покажуваат дека и како движење тогаш, но и како симбол сега сме трн во око за оние кои мислат дека апсолутната контрола им следува. Тоа е најголем доказ дека шарена е единственото движење во понова македонска историја кое застанало позади принципи а не позади човек или луѓе.

Затоа другари, соборци, шампиони јас на ова се смеам гласно и со некое тивко задоволство, оти денес и едната и другата страна сосема ненамерно ја позиционира шарена револуција светлосни години далеку од себе.

Да живее слободата!
Да живее шарена револуција!

Фејсбук пост на Ирена Стеријовска

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Најчевска: Доколку Мизрахи продолжи со прекршувањето на законот може да и се изрече забрана за вршење професија, дејност или должност

Влатко Зорба

Деспотовски: Компаниите кои средства од ФИТР бесплатно да ги понудат своите содржини

Влатко Зорба

Спасов: Барајќи рогови можеш да останеш и без уши

Влатко Зорба

Алексиќ: Нема да нѐ уништи вирусот на корона, колку што нѐ ништи вирусот на егоизам

Влатко Зорба

Ориѓански: Рама и Заев отворија мала, ама европска врата

Влатко Зорба

Спасов: Милошоски отворен како „пупка“

Влатко Зорба