СТАВ

Сугарески: Грев е кога луѓето се преплашени за здравјето, a некој се служи со подмолни трикови смислени во партиски кујни!

Некој си игра со здравјето преку лажни вести. Ем шират паника во Прилеп ем си тераат партиски пресметки, додека сите државни и општествени капацитети се впрегнати во справување со пандемијата од “ Ковид 19”.

Слушнете ме добро!

Мене може да ме критикувате колку сакате, јас сум јавен службеник платен со народни пари и обврска ми е да трпам неосновани критики и да се бранам колку знам и умеам, но не го чепкајте моето семејство, кое не е ни криво ни должно за мојата политичка активност. Тешка лага е дека Центарот за јавно здравје во Прилеп предупредил присутни на некаква забава во „Порта” дека се потенцијално заразени од вирусот и треба да се самоизолираат. Ако не дај боже тоа беше вистина, менаџментот на Порта самиот прв ќе објавеше дека постои ризик за здравјето на посетителите, како општествено одговорни чинители и вредни угостители со образ и чест.

Оваа пандемија еднаш ќе заврши, како и нашите политички кариери, ќе дојде време да се погледнеме во очи. Злобата никому не носи добро. Грев е кога луѓето се преплашени за здравјето a некој се служи со подмолни трикови смислени во партиски кујни! Баталете политика, вирусот не разликува ни етникум, ни вера, ни партиска припадност! Кругот е мал, а во него сме сите!

ФБ статус на Горан Сугарески

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Милчин: Печалењето политички поени за време на пандемијата е криминал

Влатко Зорба

Кекеновски: Двојните стандарди на Мицкоски

Влатко Зорба

Димитров: „Психолошка војна” се водела со една велат лажна вест дека Наќе „размислувал” да даде оставка? Каков аматеризам!

Влатко Зорба

Дескоска: Штом дојде на дневен ред Законот за јавно обвинителство очигледен е очајот и стравот на ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба

Богојески: Слободни банки

Влатко Зорба

Ѓорѓиева: Зголемете го бројот на автобуси, ако не сакате да се претворите во подвижна корона бомба

Влатко Зорба