СТАВ

Трајановски: Споменици или лекови?

Се потсетив деновиве на дебатата на А1 “Споменици или лекови?”, организирана откако владата на Груевски почна да крати на лекови, за да има доволно пари за споменици и восочни фигури.

На дебатата во која учествував беа и неколку уметници кои се опарија од проектот “Скопје 2014”. Еден од нив ја убедуваше јавноста дека народот можел да се лекува и со чајче, но дека приоритет биле спомениците, лавовите и милионските огради на мостовите на Вардар.
И така, наместо за лекови, лекари и болници, парите се вложија во споменици, музеи, фонтани, а имаше богами милиони и за панорамско тркало, за „гомноскоци“ и жални врби во Вардар, за палми покрај Вардар, за пиратски галии, и што уште не.

Немаше цена која што Груевски не беше спремен да ја плати за да се себепромовира како велик градител, небаре Александар Велики, со кого сакаше да го идентификуваат, па му изгради споменик на „Воин на коњ“ од 10 милиони евра. И, така, за „проектот Скопје 2014“ Груевски и неговите разбојници спискаа речиси 700 милиони евра, наместо 80 милиони, колкушто првично лажеа дека ќе чини.

Се сеќавате на она „Ние сме лудаци?“ од тогашниот министер за финансии?

Е, па стварно сме лудаци што им дозволивме да ни го направат тоа што ни го направија.

Стварно сме лудаци што им дозволивме да вложуваат во спомениците, восочните фигури и другите каприци на пастирот, наместо во здравството, образованието и подобрување на животниот стандард.

Колку само лекари си заминаа од Македонија додека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вложуваа во споменици, фасади и скапа медицинска опрема која што никогаш не профункционира, затоа што беше набавена само за да се офајдат „мечките од пештера“ кои одработуваа за „пастирот“?

Многу се нервирам значи. Стварно сме лудаци, а немаме ниту една пристојна психијатриска установа за наше ментално згрижување.

Единствено што во моментов ме теши, е помислата како ли ќе се справувавме со епидемијава ако министер за здравство беше сеуште Тодоров, а премиер Груевски.

Пак ли неговите пропагандисти ќе не убедуваа од ТВ екраните дека е логично да се вложува во милионски споменици, а да се крати на лекови, затоа што народот може да се лекува и со чајче?

Скраја да е.

ФБ статус на Жарко Трајановски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Ангеловска: Да бидеме сите одговорни, солидарни и реални

Влатко Зорба

Јовановиќ: Мицкоски не може да биде алтернатива на Заев и луѓето кои денес ја претставуваат владата

msp-admin

Јанкуловски: Претерувате со покажување на нечовечност, ја увидовме одамна таа ваша карактеристика

Јовановиќ: Нема да колабира текстилната индустрија од покачување на минималната плата

Влатко Зорба

Салиу: Најавуваш нов пристап на партијата, пола мандат само две средби… Со ОРБАН и ВУЧИЌ

Тричковски: Раденска две срца