СТАВ

Трајкоска: Шетање на милениците за време на полицискот час

На ниво на Македонија има скоро 80.000 регистрирани миленици до денеска!

-за оние кои немаат дворови
-за оние кои ги чуваат во стан
-за оние кои немаат тераси
– за поединци над 67 години на кои нема кој друг да им го прошета миленикот
– 10-20 минути
– пред зграда, на 200 метри раздалеченост
-со маска и ракавици на себе при излегувањето од дома

Збориме за ФИЗИОЛОШКА ПОТРЕБА, а не за шеткарање!

Нема начин возрасно куче да го натераш да врши нужда дома ако цел живот знае тоа да го прави надвор!
Само ќе задржува во себе и тоа е болно и нехумано!

Не можеш сам надвор додека шеташ, без контакт со други луѓе, со маска и ракавици со кучето, да се заразиш, поверојатно е ТИ да ја заразиш постарата комшика на која ќе и го носиш кучето на шетање при примопредавање затоа што она не смее.

Збориме за 13 часа држење на токсини, мокрача и измет во себе на милениците преку викенд, а тоа правило важи за сите.

Збориме за 18 часа држење на токсини, мокрача и измет во себе на милениците, за оние лица кои поседуваат миленик и се над 67 год.

Друга работа, има миленици кои примаат терапија на ветеринар и сопствениците мора да ги носат истите таму ако е потребно да примаат терапија и навечер.

Ова веќе е дозволено во скоро сите земји кои се соочуваат со корона!

Италија, Шпанија, Грција, Словенија, Кина и останатите веќе го имаат регулирано ова!

Мора да има отстапки.

Напоменувам, збориме за извршување на физиолошка ПОТРЕБА и ВЕТЕРИНАРНА АСИСТЕНЦИЈА !

Не зборуваме за шлаење навака натака!

ФБ статус на Јована Трајкоска

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Богоевски: Уништуваат кариери, фамилии и животи, само поради комплексите кои толку упорно и насилно се обидуваат да ги сокријат

Влатко Зорба

Трајковски: Ќе помине, кај и да е…

Влатко Зорба

Божиновски: Три прашања за пресот на Филипче

Влатко Зорба

Петров: Ерата на себеперцепција на жртва официјално завршува

Влатко Зорба

Жерновски: Нивните лажни и тажни вести наспроти вистината

Влатко Зорба

Ангеловска: Да бидеме сите одговорни, солидарни и реални

Влатко Зорба