СТАВ

Трајковски: Триумфот и падот на една “Империја“! (1)

Во периодов на карантин и изолација, сакам да споделам со вас дел од мемоарите кои почнувам да ги средувам, а се однесуваат на мојот 4 годишен работен престој во СЈО, белешки кои ги имам насобрано на повеќе од 450 страници, чиј прв работен наслов беше “Како се раѓаше правдата во Македонија“, а после се’, доби нов, исто така работен наслов и гласи, “Триумфот и падот на една “Империја“!“. Ќе ви пренесам 5 исечоци. Првите 2 се журнал, во другите 3 почнуе филмот. Возбудлива приказна, и за моите колеги, и за вас. Се надевам. Запалете ги цигарите, журналот почнуе да се емтивува:

Триумфот и падот на една “Империја“! (1)

Почна ентузијастички, револуционерно, онака како што требаше да биде, онака како што посакуваа граѓаните, онака како што посакуваа сите, онака како што водата ја посакуваат изгубените карвани во пустинските пространства, како исцелителски лек на метастазираната од разочарување македонска јавност гладна и жедна за правда и вистина…

Темелите беа ископани, армирани со плетки од арматурни мрежи на кои гарант ќе им завидуваа статичарите, архитектите и инжењерите на “Беко“. Цврсти, стабилни, отпорни на какви било тектонски поместувања под тресното подрачје врз која беше изградена. Сите основни предуслови за живот и работа во куќата на правдата беа исполнети за да се пресече пантликата за нејзино свечено отварање, за завршен технички преглед со највисоки оценки за безбедност и делување, потпишано од секој правдољубив човек во оваа опустошена од политички криминалци државичка…

Месечните примања на сите “жители“ во “куќата“, од курир до обвинител, беа жичките кои цврсто ги врзуваа дебелите арматурни штангли во темелите на македонската правда. Од самиот почеток беше јасно, дека, иако се потпира на само еден централен столб, куќата на правдата никогаш и од никого нема да може да се разниша заради пари, заради корумпираност, заради алчност, заради простачка дрчност, заради неизживеаност, заради глупавост, заради инерцијална расипаност, заради политичко односно полициско влијание. Најмалку заради интервенција на странците. Не…

Сите услови за нов нормален и непречен живот во “куќата“ на правдата беа исполнети во единствен проект, со една исклучително добра, можам да речам совршена организациска поставеност, со “блок дијаграм“, каде, во однапред создадена триумфалност, во победнички амбиент со искрената навивачка еуфоричност на прежедната публика за правда, на патеките во борбата со високиот државен криминал, сите, ќе се искачуваме кон врвот, кон правдата, кон вистината. И кон ништо друго…

Катица, Ленче и Фатиме ја прожектираа првата проекција од долгометражниот филм, за тоа како работите ќе се одвиваат понатаму, како нивното заедништво, нивната “компанија месо боранија“ е вистинска и реална за да ја прикаже непоколебливоста и решителноста, дека, колку и да е тешко, неверливо и неостварливо, тие, никогаш нема да се откажат од намерата да ги поткрепат сите прислушкувани разговори со други материјални докази и сведочења и против осомничените да поднесат соодветни обвиненија..

Скандирањата од европската и светската јавност, а посебно од онаа јавност на “трибините“ во Македонија, беа заглушувачки. “Ангелите“ на македонската правда се родија. Тие се, живи се, храбри се, тука се, наши се, реални се, за нас се. За нас граѓаните, а против политичките арамии. Такви баравме, такви добивме, такви ги одбра и такви ги сервираше на светската и македонската јавност Катица Јанева, носечкиот столб на куќата во која почна да се раѓа правдата. Ги истопори на целата јавност. Млади, згодни, атрактивни, сериозни, енергични. Македонија одеднаш, за многумина се чини дека тоа се случило преку ноќ, на јавноста и’ прикажа две млади, исклучитално јасни, стабилни, убави дами кои ја најавија неприкосновеноста во борбата против државните апаши. Станаа лице и олицетворение на храброста и елоквентноста. Сите атрибути на успешност беа на нивна страна. Такви се и ден денес, без трошка сомнеж…

(продолжува утре)

ФБ статус на Борче Трајковски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Спировска: Поселски муабет од фалба за помагање – нема!

Влатко Зорба

Васиљ: Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжат со Мицкоски, ќе нема дно кое нема да го допрат

Никола Поповски

Ѓорѓиева: Зголемете го бројот на автобуси, ако не сакате да се претворите во подвижна корона бомба

Влатко Зорба

Д-р Георгиев: За лажниот сјај на рекламите и ние не сме од тука!!!

Влатко Зорба

Џигал: Секоја криза е можност посилни и пожилави да ги надминеме искушенијата

Влатко Зорба

Лазаров: После ви е крива инспекција, полиција, здравство, сѐ ви е криво за вашиот личен неуспех ко родители

Влатко Зорба