СТАВ

Трпкова: Брзите профити ќе ни ги изедат децата побрзо и од вирусот и од глобализацијата

Ковид 19 во најдобар случај ќе придонесе повеќе за личната грижа. Освен првичните три мерки, маска, дистанца, хигиена, уште поважно ќе биде разбирањето за тоа што значи здрав живот и добар имунитет. До вакцина не се доаѓа лесно, ниту пак до лек. Исто како и до добар имунитет и здрав организам.

Не знам колку генерално човештвото би прифатило дека подобрата, идна верзија на човекот е инвестиција во здравјето. Не само во лекови и болници, туку во секојдневните најобични активности од – грижа за околината, до свесна одлука за непушење, непиење и небутање шеќери и лебови, за стомакот да биде полн, а здравјето празно! Тоа се вика свесно живеење, познато како превентива.

Промените почнуваат од вакви мали чекори и траат долго. Промената не доаѓа со револуција или со насилно рушење систем и поредок. Исто како што ни свесноста за опстанок не доаѓа преку ноќ. Но се чини дека оваа хипотетички најдобра придобивка од ковид 19, би можела да не’ направи барем малку поздрави луѓе. Зашто ако човек нема однос кон себеси и сопственото здравје, како би бил човек што се грижи за колективното.

Илузорно е да се надеваме дека пороците, навиките и робувањата на предмети и луѓе, немаат ништо блиско со општествените промени (ако не беше така одамна ќе имавме рај на земјата). Секој од себе почнува. Човекот би може да се усоврши исклучиво со одлуки што ќе ги носи за себе, без притисок, свесно, доброволно. Ако тој успее во ова, ќе може да “соли” памет и на другите. Добар дел од болестите стекнати во животот се поради лош начин на живеење.

Сиромаштијата не е изговор. Необработените ниви преку ноќ стануваат фабрички хали заради брзи профити и моментални заработувачки и за селаните и за инвеститорите. Копањето земја и чувањето стока се единствено долгорочно решение, наместо купување кинески коштани и ориз и призведување автомобили… сите сакаат „модерен” живот, а богатите македонски почви лежат недопрени, чекајќи булдожери. Новите генерации треба да се поттикнат да се враќаат кон природата, да ја сакаат и да живеат во симбиоза со неа.

Кој не’ спречува во тоа?! Кој не’ спречува да подигаме здрави и вредни деца?! Кој не спречува да имаме почист воздух и да можеме да држиме настава во природа барем 6 месеци во годината…И без разлика на тоа за што ќе се одлучат децата потаму, сите задолжително да имаат секојдневна физичка активност/работа на нива и природа во курикулумите..

Инаку ова не е ништо ново, се случува одамна во европските земји, само што кај нас ниту има кој да пишува, да зборува, да турка и да преземе иницијатива за промените.

Брзите профити ќе ни ги изедат децата побрзо и од вирусот и од глобализацијата.

ФБ статус на Синоличка Трпкова

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Лукароски: Во многу земји коронавирусот е ставен под контрола – таму нема литии и причести со едно лажиче

Спировска: Правдата не ни сака да дојде, а последната надеж ги пакува куферите

Влатко Зорба

Трпкова: Кога не можеш да напредуваш во областа за која си учел, фати се за политика и руши секаква можност на напредок на сите останати полиња

Влатко Зорба

Костовски: Каква моронштина додека луѓе умираат… страшно!

Ангелов: ПРОФЕСОРЕ АПАСИЕВ!

Влатко Зорба

Димитров: Ќе не’ биде!

Влатко Зорба