СТАВ

Трпкова: Се’ одеше добро додека не се вмешаа партиите, нивните токсични политики и мозоци

Се’ одеше добро додека не се вмешаа партиите, нивните токсични политики и мозоци. Здравството иако на колена со децении сепак можеше да ни помогне со знаењето на лекарите.

Министерот за здравство, како лекар, заедно со комисијата, си ја тераше обврската професионално. И тогаш тргна возот со политиканти и местенки и ја гангреносаа единствената надеж. И тоа на перфиден мијалковистички начин. Се’ во име на здравјето на граѓаните.

Кога само би знаеле вие од политичките партии, колку насобран револт има кај луѓето со мозок во земјава, заради сето тоа особено! Не може и не смее повеќе во 21 век да ни кројат судбина луѓе на кои религијата им е на прво место и со неа мафтаат кај стигнат.

НЕ – МО – ЖЕ! И НЕ-МО-ЖЕ државни празници да содржат верски празници. Една педа земја сме со мулти-култи народ. Не може на секој да му се праи ќефот и адетот.

ФБ статус на Синоличка Трпкова

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Спировска: Груевски ќе го вратат мизерни и поразителни одлуки и грешки за мир у куќа

Влатко Зорба

Најчевска: Решете да ја направиме Македонија зелена, тешко е, ама не е невозможно

Влатко Зорба

Костова: Оркестрираната онлајн хајка само нè потсети сите каде и со кого живееме.

Вангелов: Што е проблематично во тезите на Малески?

Влатко Зорба

Трпкова: Ако сме смирени и следиме препораки има шанси да се извлечеме без катастрофални последици

Влатко Зорба

Сарачини: Аферата за купување на медиуми со руско-унгарски пари тежи повеќе од „Рекет“

Влатко Зорба