СТАВ

Трпкова: Светскиот заговор од кој треба да се плашиме во моментов се „инфлуенсерите“

Илјада пати се кажа дека луѓето умираат особено заради немање простор и време за целосна и навремена интервенција во болниците. И дека заради тоа седиме дома.

Здравствените системи кога се долг период преоптеретени, а воедно и послаби генерално, колабираат. И тоа е единствената причина зашто сме дома. Предострожноста е заради тоа што вирусот е нов, и науката не знае како ќе се однесува.

И сетоа ова е ПРИВРЕМЕНО. Ќе помине наскоро. Ќе мора и да работиме и да живееме. Ќе се навикнеме на новото време зашто тоа ќе носи нови правила на живот.

А ако има вакцина – тоа ќе биде чудо, зашто тогаш ќе има и кој да го бодри Ноле во публика, и кој да му дојде на концерт на Наум, и кој и да им плеска на актерите во театар.

Светскиот заговор од кој треба да се плашиме во моментов се “инфлуенсерите”, кои имале хронично кецови по физика, хемија и биологија.

ФБ статус на Синоличка Трпкова

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Пекевски: Ко че све то да плати?

Влатко Зорба

Петров: Време е за луѓе со искуство од реалниот свет

Берта Китинска

Јовановиќ: 7 прашања кои ме мачат за четвртиот пакет економски мерки

Влатко Зорба

Сарачини: Изворот на кризата

Влатко Зорба

Костарова: Најранливите по менталното здравје, под ризик

Влатко Зорба

Петровски: Доживотни балкански дилетанти

Влатко Зорба