СТАВ

Туфегџиќ: Сите носиме политичка одговорност за Законот за спречување и заштита од дискриминација

Неизмерно жалам за одлуката на Уставен Суд да го укине Законот за спречување и заштита од дискриминација. Јасно е дека нема ништо од моето лично жалење, земајќи предвид дека активистите работеле, се бореле, лобирале и убедувале за важноста и нужноста на овој закон повеќе од 10 години.

Водењето на седницата, констатирањето дали мнозинството е доволно или не, води само и исклучиво Претседателот на Собранието, кој во тој момент имаше поинакво толкување на уставната одредба и потребното мнозинство, и покрај реакциите на неколку пратеници.

Сепак, секој од нас со обавувањето на функциите за кои сме избрани, има политичка одговорност и поради тоа лично можам само длабоко да се извинам.

Таа одговорност не може и не смее да биде префрлена на луѓе кои не се занимаваат со политика, туку професионално се занимаваат со функционирањето на институцијата Парламент, тоа би било затскривање.

Се надевам дека пратениците кои повторно ќе добијат мандат, а беа дел од групата која лобираше и се бореше за овој закон, ќе добијат максимална политичка поддршка овој закон, на почетокот на работата на новиот состав, да биде донесен во најбрз можен рок

ФБ статус на Ивана Туфегџиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Божиновски: Депресијата е на епидемично ниво, а никој не го адресира проблемот

Влатко Зорба

Богоев: Зарем кариерата на еден човек е побитна од здравјето на сите ⁉️

Влатко Зорба

Атанасоски: Отворено писмо до официјална Софија

Влатко Зорба

Ориѓански: Можеби и повеќе од 20 години ќе требаат за да се случат нови и големи, светски работи

Трајковски: Не заеба Америчка на Француски…

Спировска: За да ги разбереме и почитуваме предлог мерките ни требаат одговори на неколку прашања

Влатко Зорба