СТАВ

Тунева: Случајот со Филан Митрев уште еднаш потврди колку е широка челуста на малограѓанштината во оваа држава

Случајот со апсењето на Филан Митрев во Германија и неговата поврзаност со кардиохирургот во Македонија уште еднаш потврди колку е широка челуста на малограѓанштината во оваа држава. Незаситна глад за сензационализам која барем до некаде се задоволува со ситењето кон неволјата на другиот.

Доволно е да се ѕирне што се пишува на социјалните мрежи или во коментарите под содржините објавени од медиумите. Невидени нивоа на вулгарност и омраза. Се морализира до бесвест, се прават најразлични конекции: „така им требало на тие што се приклучиле кон промоција на Северџанистан“, „еве што се случува со децата на разведени родители“, „убава казна за докторот кога кариерата му е побитна од семејството“…

Малку е да се каже дека секое зборување не е плод на размислување. Се нема сенс да се процени до кој момент опсесивните ‘анализи’ не само што стануваат тотално непотребни, туку и агресивни и деструктивни. А да не зборуваме колку е реткост да се биде толку голем колку што се морализира.

Толку треба во овој наш амбиент за да се заборави на сè друго. Умот не ги прима фактите кога е омплеменет со многу трошки изопаченост и зло. Тоа се неговите ‘опијати’.

ФБ статус на Марина Тунева

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Божиновски: Следете упатство за ваше добро

Влатко Зорба

Богојески: Да бидеме на чисто!

Влатко Зорба

Јовановиќ: Олигарсите, бизнисмените, богаташите и големите компании повторно ќе бидат поштедени

Влатко Зорба

Јовановиќ: Може Будимпешта да се пенави до утре, нереди и насилства никој нема да им дозволи

Николовски: Не е време за пропаганда, елитизам, непотизам, корупција и списоци

Влатко Зорба

Николовски: Не си играјте играчки од типот: „како не, дома ќе седам; глупости нема корона кај нас; или млад сум, ништо не ми е..”

Влатко Зорба