СТАВ

Забрчанец: После подолго време точните информации се шират побрзо и помасовно од лажните

Огромен придонес во дневното темелно и масовно информирање на јавноста во врска со коронавирусот имаат токму граѓаните. Имаме граѓанство кое уште еднаш покажува дека може да биде на највисоко ниво на одговорноста и да учествува во оваа заедничка, општествена, национална борба за здравјето на секој од нас.

Покрај институциите и медиумите, токму граѓаните се тие кои преку социјалните мрежи, преку личните контакти и преку “word of mouth” ги преземаат точните и релевантни информации, ги репродуцираат или шират со цел мерките и препораките за превенција и санација да стигнат до секого.

Можеби е реткост, но факт е дека конечно во македонското оштество точните информации се шират побрзо и помасовно од лажните.

Токму граѓаните се тие кои први им свртеа грб на лажните вести. Граѓаните ги препознаа и ги одбија дезинформациите и дадоа целосна поддршка на институциите кои секојдневно имаат директна и постојана комуникација со јавноста.

Ова е време на загриженост, криза и страв, а нашите граѓани трезвено и рационално не дозволуваат оваа криза да премине во паника. Имаме уште многу во борбата пред нас, но со посветеност, претпазливост и со здружени сили на институциите и на граѓанството, ќе го спасиме нашето општество од фатални последици и ќе се кренеме уште посилни во нови предизвици.

Благодарност до сите граѓани кои имаат активна улога во споделувањето на информациите кои ги емитуваат институциите со цел заштита на јавното здравје.

ФБ статус на Марјан Забрчанец

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Димитриевски: Од 1995г. се водам по начелата на мојата партија за демократија, еднаквост, отчетност, одговорност…

Влатко Зорба

Ориѓански: Не е нормално во ваква ситуација лекарите да ги кажувате „ваши и наши“

Влатко Зорба

Јовановиќ: Ако влада ја назначила за министерка, владата да си ја отповика

Влатко Зорба

Јовановиќ: Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ спремаат повторно некое страшно глупаво сценарио

Влатко Зорба

Јанкуловски: Боли што не можеме да се разбереме, немаме комуникација, нема слушање, нема почитување на мерки

Влатко Зорба

Мехмети: Ништо не разбираме ама затоа буџетот знаеме да го пуниме за овие академици да зимаат убави платички

Влатко Зорба