СТАВ

Забрчанец: СДСМ носи развој и сигурна иднина, ВМРО-ДПМНЕ нуди страв и мрачно минато!

11 години ДПМНЕ ги држеше платите на најниски стапки за да ги уценува граѓаните. За 2.5 години СДСМ ја покачи минималната плата за 60%, а просечната за 4000 денари.

11 години ДПМНЕ се богатеше, градеше бели палати и се луксузираше со народни пари. За 2.5 години СДСМ ја покачи социјалната помош за сиромашните за 300% и воведе целосна транспаретност во трошењето на државниот буџет.

11 години ДПМНЕ газеше врз човековите права и слободи и врз медиумите. 2.5 години живееме во целосна слобода и во крајно демократски општествен амбиент.

11 години ДПМНЕ работеше на затворање на земјата, изолација и кавги со соседите. За 2.5 години со СДСМ Северна Македонија стана членка на НАТО и земја со исклучително високо почитување во регионот и меѓу западниот демократски свет.

11 години ДПМНЕ ги држеше граѓаните во манипулација со постојани меѓуетнички тензии. За 2.5 години СДСМ целосно ги релаксираше меѓуетничките односи и овоможи амбиент каде различните можат да живеат заедно со меѓусебна почит.

СДСМ постојано се бори и носи подобро. Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, исти ликови, стари политики.

ФБ статус на Марјан Забрчанец

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Жерновски: Толку ли беше тешко со тие пари, потрошени за нивниот барок, да се изградат градинки, училишта, студентски домови, болници…

Влатко Зорба

Лазаревски: Денес и велиме збогум на дупката наречена Западен Балкан

Влатко Зорба

Колемишевски: Да предлагаш ОДЗЕМАЊЕ од пензиите на граѓаните е безобразно и крајно несериозно

Влатко Зорба

Арсовска: Ептен е солидарна олигархијата, најдоа решение на грб на сите граѓани и малото стопанство

Влатко Зорба

Д-р Даниловски: Сепак, се пренесува (и) преку воздухот! Што да правите сега?

Влатко Зорба

Ѓорѓиева: Зголемете го бројот на автобуси, ако не сакате да се претворите во подвижна корона бомба

Влатко Зорба