СТАВ

Жарко Трајаноски: Како се препознаваат лажни патриот(к)и?

Како се препознаваат лажни патриот(к)и?

1. Се дерат што е можно погласно „Македонија, Македонија“ и обвинуваат за криминали со надеж дека ќе бидат амнестирани за криминалните недела.

2. Цела деценија минираат влез во НАТО. Глумат преговори со Грција, бојкотираат референдум, не гласаат за уставни измени, па гласаат за прием на Северна Македонија во НАТО, ко ништо да не се случило.

3. Ја обвинуваат владата дека не успеала да добие датум за преговори со ЕУ, а ги кочат сите закони и демократски процеси само за да не се добие датум за преговори со ЕУ.

4. Потпишува дека ќе биде министерка во Влада на Северна Македонија. Дава свечена изјава дека ќе го почитува Уставот на Република Северна Македонија. Потоа глуми дека не потпишала и не дала изјава, па се прави најголема Македонка кога ќе ја разрешат.

5. Скандираат „Никогаш Северна“, а лапаат огромни хонорари за да ја претставуваат Северна Македонија во НАТО, Совет на Европа или Венецијанска Комисија.

6. Се крстат во македонскиот идентитет, ама помили им се Македоноидите, Хунзите, и Јапетите од нивните сограѓани Македонци кои се сметаат како дел од словенските народи.

7. Глумат дека им е најважен македонскиот јазик, пишуваат на латиница, го кршат правописот на секој втор збор, и не признаваат дека македонскиот јазик е словенски јазик.

8. Измислуваат лажна историја и лажни мемории, глумат дека се антифашисти, а се гушкаат со неофашисти и расисти.

9. Ги нарекуваат своите сограѓани „Северџани“ или „Северномакедонци“ и постојано измислуваат идентитетски проблеми за да креираат паника и чувство на загрозеност.

10. Глумат дека им е најбитна националноста Македонец, а имаат обезбедено пасоши од други држави, имаат регистрирано компании во други држави, се имаат преселено во други држави и плаќаат даноци таму.

11. Измислуваат лажни вести дека се случува геноцид врз Македонците, дека ќе се градат кампови за мигранти, дека има план за населување на милион Африканци, и скандираат на протести „Чиста Македонија“.

12. Се служат со говор на омраза и ги нарекуваат предавници и изроди сите што укажуваат на нивниот лажен патриотизам.

Дополнете…

ФБ статус на Жарко Трајаноски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Богојески: Слободни банки

Влатко Зорба

Џигал: Секоја криза е можност посилни и пожилави да ги надминеме искушенијата

Влатко Зорба

Божиновски: Депресијата е на епидемично ниво, а никој не го адресира проблемот

Влатко Зорба

Цветанов: Сокри се Антонио, сокри се, не се брукај повеќе

Влатко Зорба

Ориѓански: Вмровската парола напишана наопачки е фантастичен знак

Влатко Зорба

Куновска: Итно да се суспендираат сите отворени емисии во кои има директни вклучувања на граѓани

Влатко Зорба