СТАВ

Жерновски: Европските лидери заедно со македонските граѓани!

Канцеларката Меркел, претседателот Макрон и останатите 25 лидери на земјите членки од европското семејство, вечерва им одадоа признание на граѓаните на нашата земја за постигнатиот напредок, ја истакнаа посветеноста и визионерското лидерство на Владата и ги поздравија постигнатите реформи.

Ова не е подарок, туку валоризација за нашата посветеност и потврда за постигнатиот успех на државата.

Во овие исклучително тешки околности за цела Европа, исправени пред здравствениот предизвик и економските последици од него, лидерите на ЕУ одлучија да ги започнеме преговорите за членство во нивното семејство.

Ова е победа над сите оние внатре и сите оние надвор, кои долго време правеа се’ за да не успееме. Ова се историски мигови за нас и за нашата татковина. Март 2020 година ќе остане длабоко и засекогаш врежан во меморијатата на македонскиот граѓанин. Поради сонот на многуте генерации пред нас, кој стана јаве-да биде нашата држава полноправна членка на НАТО и да биде пред портите на ЕУ, но и поради вонредната состојба предизвикана од пандемија со глобални размери и битката за победа над истата.

Како што од Втората светска војна научивме корисни лекции, каде потребата од создавање на силна и обединета унија во Европа е една од нив, така и од битката против корона вирусот ќе научиме нова лекција- дека наместо ИЗОЛАЦИЈА, неопходна ни е ИНТЕГРАЦИЈА, за заеднички да ги совладаме предизвиците на новото време. Се разбира, не само здравствените.

Затоа е многу важно да знаеме дека утре, кога повторно ќе го слушнеме детскиот џагор во градинките и училиштата, кога студентите ќе продолжат на своите факултети, кога пак ќе ги наполниме театрите и кината, кога рестораните ќе почнат одново да ги примат старите и нови гости и кога на синото небо повторно ќе летаат белите авиони, нашата држава ќе биде веќе членка на НАТО и посветен преговарач за членство во ЕУ.

Тоа значи само едно- напредок за државата, напредок во образованието и науката, поквалитетно здравството и постабилни економски текови,значи поефикасно судство.

Со еден збор, подобар живот за сите нашиграѓани.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТО!

ФБ статус на Андреј Жерновски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Петровски: Доживотни балкански дилетанти

Влатко Зорба

Мицковски: Нашите странски партнери во акцијата Крушопек биле мудри што ја задржале дрогата

Влатко Зорба

Богојески: Време е за толеранција, солидарност и конструктивни предлози за да го надминеме овој предизвик

Влатко Зорба

Забрчанец: СДСМ носи развој и сигурна иднина, ВМРО-ДПМНЕ нуди страв и мрачно минато!

Влатко Зорба

Куновска: Николоски својата општествена одговорност да ја покаже преку ставање на сите нивни украдени партиски илјадници квадратни метри на располагање за карантински простор

Влатко Зорба

Васиљ: Грешка е што се уште се третираат како политички фактор, а не како злосторничко здружување и антидржавен елемент

Влатко Зорба