СТАВ

Жерновски: Претпладне критики за короната, попладне митинзи

Повеќе пати имам потенцирано дека стратегијата на Мицковски и партијата на Груевски да се спечалуваат политички поени преку (зло)употреба на разорните ефекти од корона вирусот е погубна и штетна. Се разбира, не само за партија, туку и воопшто, бидејќи не придонесува во неопходниот конструктивен пристап кон овој крајно сериозен глобален проблем и предизвик.

Домашните медиуми и денеска повторно пишуваат за “рекордниот број инфицирани за едно деноноќие во Велика Британија, Германија ,Бугарија, Хрватска, Чешка, Русија”. Претходните денови за Полска, Албанија, Словачка, Австрија, Франција, Индија, Бразил, САД, што значи дека одамна најавениот од СЗО втор бран веќе започна.

И наместо сите да се мобилизираме и заеднички да упатуваме апели за поголема претпазливост и дисциплина во почитување на препораките за заштита од вирусот, нашата политичка опозиција претпладне одржува прес конференции на кои бара оставка од министерот Филипче и од премиерот Заев. а попладне организира претести против Владата преку собири на партиските членови и на граѓаните.

Да биде иронијата уште поголема, а манипулацијата уште поочигледна, критиките на сметка на Владата се, цитирам, „затоа што власта на време не си ја заврши работата и не го организира општествтото”, односно затоа што “Заев и Филипче несериозно го сфатија вирусот”.

Се поставува прашањето зарем Мицкоски не знае дека една од најважните мерки против ширењето на корона вирусот е токму забраната за групирање на граѓаните?

Патетично, тажно и лицемерно. А лицемерието на политичарите секогаш се казнува. Зарем во јули не се уверивме во тоа?

ФБ статус на Андреј Жерновски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јанкуловски: Претерувате со покажување на нечовечност, ја увидовме одамна таа ваша карактеристика

Спировска: Правдата не ни сака да дојде, а последната надеж ги пакува куферите

Влатко Зорба

Синадиновска: Случајот со директорката е уште еден доказ дека овде ќе си се умре само од позерај и глума

Влатко Зорба

Шилегов: Тенка е линијата помеѓу наивноста и глупавоста

Влатко Зорба

Кордалов: Не стигматизација, туку сега, повеќе од било кога, да дадеме вистинска ПОДДРШКА за новинарите

Влатко Зорба

Куновска: Итно да се суспендираат сите отворени емисии во кои има директни вклучувања на граѓани

Влатко Зорба