СТАВ

Жерновски: Усвоениот закон за ЈО обезбедува позитивен извештај за напредокот од страна на ЕК

Францускиот претседател Емануел Макрон упати многу јасни и прецизни пораки на Конференцијата за безбедност во Минхен, од каде порача дека ќе им даде зелено светло на Република Северна Македонија и на Албанија за отпочнување на процесот на преговори за членство во ЕУ, под услов претстојните кратки Извештаи од ЕК да бидат позитивни.

Токму поради тоа, од исклучителна важност е во нашето Собрание да се донесе Законот за јавно обвинителство, бидејќи усвоениот закон обезбедува позитивен извештај за напредокот од страна на ЕК, како втор клучен чекор по новата методологија.

Сите оние што се посветени на европската перспектива и на просперитетната иднина на нашата земја, односно на нашите граѓани, треба да бидат одговорни пред овој генерациски предизвик и да ги стават настрана своите лични и партиски интереси. Немојте да ја држите во заложништво иднината на својата држава и своите деца!

ФБ статус на Андреј Жерновски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јовановиќ: Далеку се тие од некој „јавен интерес“

Влатко Зорба

Љума: Имам пријатели и од многу поразвиени земји кои се во карантин во многу полоши услови од нашите, па не се бунат

Влатко Зорба

Антоновски: Приватните медиуми да ги заштитат новинарите и сите медиумски работници

Влатко Зорба

Петров: Во каква земја сакаме да живееме?

Влатко Зорба

Костадинов: Кога им зборувам на ДПМНЕ и Мицкоски дека се последниот антидржавен елемент, велат дека не сум ја зборувал вистината

Влатко Зорба

Забрчанец: Извршителот Мицкоски знае да ја качува само цената на струјата, тој не знае да качува плати!

Влатко Зорба