СВЕТ

12 светски лидери доаѓаат на парадата во Москва

Русија потврди дека сите покани за Парадата на Победа во Москва се уште важат, и дека 12 лидери веќе рекле дека ќе присуствуваат на настанот.

Ова го изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на состанокот на Советот за национална безбедност, на кој присуствуваше рускиот претседател Владимир Путин.

„Потврдивме дека сите покани сè уште важат за сите поканети на парадата (претходно) планирана за 9 мај. Веќе добивме потврда од 12 шефови на држави, а повеќето се (лидери) членови на ЗНД (Заедницата на независни држави)“ , рече Лавров, пренесе ТАСС.

Путин изјави дека за време на Парадата на Победа, што ќе се одржи на 24 јуни, безбедноста на странските гости мора да биде целосно обезбедена заради пандемијата на коронавирус.

„Ние сигурно мора да обезбедиме целосна безбедност на нашите гости“, рече Путин.

Парадата на победата на црвениот плоштад во Москва требаше да се одржи на 9 мај, но истата беше одложена поради епидемијата на коронавирусот.

Претседателот на Русија на 26 мај објави дека Парадата ќе се одржи на 24 јуни, ден кога се одржа првата Парада на Победа во Москва пред 75 години.

Поврзани вести

Пелоси за импичментот: Претседателот Трамп го погази Уставот и со тоа не ни остави друг избор

Во Хрватска нови 61 случај на коронавирус: Вкупно 315 лица се заразени

Борут Пахор со мегафон ги посетува домовите за нега на стари лица во Словенија погодени од коронавирусот

Вучиќ и српскиот епидемиолог му се обратија на Ѓоковиќ

Итен состанок на српскиот државен врв поради состојбата во Црна Гора

Никола Поповски

Урнати статуи на Колумбо и Џеферсон Дејвис во САД (ВИДЕО)