Вести СВЕТ

812 починати од Ковид-19 во Италија, голем пад на новозаразени

Бројот на смртни случаи на коронавирус во Италија се зголеми за 812 на 11.591, соопштено е денеска во Рим.

Бројот на нови случаи на инфекција со КОВИД-19 е зголемен за 4.050, барем од 17 март, а сега вкупниот број заразени лица во земјата е 101.739, пренесува Ројтерс.

Излечени се вкупно 14.620 пациенти, пренесува Танјуг.

Италија е земја со најголем број смртни случаи од коронавирус, повеќе од една третина од случаите ширум светот. Највисок број на жртви во Италија имале во петокот, кога загинале 919 луѓе.

Италија веројатно ќе остане во карантин најмалку уште две недели, изјавија италијанските власти, во време кога се очекува да пад во бројот на нови случаи со коронавирус.

Гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, рече дека владата треба да го продолжи скоро целосното ограничување на движењето и деловните активности, воведени низ целата земја од 9 март.

Поврзани вести

Вирусот се шири: Најмалку 80 лица починати и 2744 заразени

Никола Поповски

Трамп: Експлозијата во Бејрут била предизвикана од „некој вид бомба“

Stefanija Kuzmanovska

Истражување: Зошто мажите се повеќе изложени да заболат од коронавирус?

Снежна бура ги затвори училиштата во САД (ВИДЕО)

Поројни дождови и поплави во Саудиска Арабија, има и жртви

Maja_Serafimova

Кина: САД се најголемиот извор на глобална нестабилност

Влатко Зорба