Регион СВЕТ

Адвокатот на Тачи откри зошто претседателот на Косово шест часа бил испрашуван од обвинителот

„Врз основа на изјавата дадена од претседателот на Косово, Хашим Тачи, по напуштањето на Специјалниот суд во Хаг, се подразбира дека тој беше сослушан како осомничен“, изјавил вечерва неговиот адвокат Куштрим Паљуси, пренесува „Коха“.

Во емисијата „Raport“ на КТВ, Паљуси истакнал дека Тачи не кажал ништо експлицитно, но дека нешто сè уште може да се заклучи од неговата изјава.

Тој ја истакнал изјавата на Тачи дека обвинителот го прашал за активностите на Ослободителната војска на Косово, потенцирајќи дека ова сугерирало дека тој бил сослушан како осомничен.

Тој додал дека вакво нешто води кон прашањето зошто требало да биде сослушан како осомничен, кога обвинението веќе е поднесено.

„И има причина за тоа. Судијата на претходната постапка го врати обвинението за дополнување, барајќи од обвинителот да разговара со Тачи, пред да го предаде обвинението“, изјавил Паљуси, пренесува „Косово Онлајн“.

Поврзани вести

Што се ќе поефтини ова лето во Грција?

Ликвидиран водачот на навивачите на Партизан

Влатко Зорба

Севернокорејска агенција: Ким Јонг Ун е жив, се појави на отворање на фабрика

Њујоршки лекар ги предупредува сите мажи кои го имаат слична градба на тело: Чувајте се повеќе од кога било, изложени сте на најголем ризик (видео)

Ненадеен скок на бројот на заразени во Косово – 129 нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата

Влатко Зорба

Турција: Уапсени 43 лица за планирање на напади

user4