Регион СВЕТ

Албански емигрант во САД признал обвинение за тероризам, осуден е на 22 години затвор

Албански емигрант, кој имал и државјанство на САД а живеел во Бронкс, е осуден на 22 години затвор, откако го признал обвинението за тероризам.

– Сајмир Алимехмети (26) во февруари минатата година признал дека донирал материјална помош за Исламската држава во Сирија и Ирак. Роден во Албанија, тој нашол работа во Њујорк како помошник водоводџија и се подготвувал да работи во погребално претпријатие, објави порталот Албеу.

Во мај 2016 година бил уапсен од Заедничката терористичка екипа во Бронкс и обвинет е за материјална помош на ИД. Според обвинението, тој собирал разни ножеви за борба, кои можеле да се користат при евентуален терористички напад.

Исто така, се обидел да патува на Блискиот Исток за да стане член на ИД, но двапати бил спречен од страна на британските власти во 2014 година. Во неговиот дом е пронајдено знаме на ИД, видео од терористичка група и пропаганден материјал.

Дури и во затвор, по неговото апсење, Алимехмети ја продолжил својата работа за ИД со ширење пропаганда меѓу затворениците, во соработка со осудениот за поставената бомба во населбата Челзи, Ахмад Кан Рахими.

Судијата Пол А. Енгелмајер, кој му ја изрекол затворската казна, го нарекол Албанецот „бомба со часовник“.

Поврзани вести

Хашкиот обвинител поднесе обвинение против косовскиот претседател Тачи

Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на британскиот Долен Дом отфрли гласање за договорот за Брегзит

Maja_Serafimova

Барселона во пламен: Демонстрантите дивееја, полицијата мораше да интервенира (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Нови мерки во Шкотска: Забрана за одење на гости, а пабовите и рестораните остануваат отворени

Никола Поповски

Соборен рекордот во Хрватска, 255 нови случаи на корона

Stefanija Kuzmanovska

Повеќето Германци се подготвени да го намалат бројот на светлосни божиќни украси за да ја заштитат планетата