Вести СВЕТ

Американска телевизија: Навални е обезбедуван од германската полиција (видео)

Бројно германско обезбедување го следело рускиот блогер и опозициски лидер Алексеј Навални во Берлин „од страв од ново труење“, а една од неговите прошетки била прикажана на видеото од неделната емисија „60 минути“, објавена од американската телевизија „Си-Би-Ес“.

Телевизијата објави видео во кое Навални ја држи за рака сопругата Јулија, додека тие одат покрај Бранденбуршката порта во Берлин. Исто така, може да се види дека тој е придружуван од телевизискиот дописник Лесли Стол и тројца мажи во цивилна облека, а на одредено растојание го придружуваат најмалку девет лица во полициски униформи.

Лесли Стол со видеото објаснува дека Навални го чуваат германските власти „од страв од ново труење“.

„Голем број полицајци го опкружуваат каде и да оди“, рекла таа во интервју за нејзиниот канал непосредно пред емитувањето.

На прошетка, Навални разговарал со дописничка со маска, додека Навални и неговата сопруга не носат.

„Треба да се бориме против овие луѓе затоа што тие никогаш нема да запрат. Ќе отрујат некој друг“, рекол рускиот опозиционер откако тврдел дека тој наводно бил отруен од руската влада.

Поврзани вести

Лукашенко ги обвини САД дека ги предводат протестите во Белорусија

Влатко Зорба

Шпанија воведува целосно ограничување на движењето, утре е прогласен Ден на жалост

Влатко Зорба

Глобалниот воен трошок минатата година достигна највисоко ниво за три децении

Ако Конте говореше уште некоја минута повеќе ќе го срушеа рекордот, ЕУ седницата траела 90 часа!

Еден од пет пациенти кои биле хоспитализирани во Германија поради коронавирусот, подлегнале на оваа болест

Алфред Бош: Затворските казни за каталонските лидери не го решаваат проблемот туку само го влошуваат

Влатко Зорба