Вести СВЕТ

Американски научник: Не ги слушајте политичарите кои велат дека ќе имаме вакцина кога ќе започнат нивните избори

За време на пандемија на коронавирус, многумина се надеваат на вакцина, но еден научник предупредува дека не треба да се надеваме на тоа, барем не толку наскоро.

Познат американски научник изјавил дека луѓето не треба да сметаат на вакцината „Ковид-19“ да се појави наскоро. Во светот во моментов има повеќе од 5 милиони заразени по драстичното зголемување на бројот на заболени во Латинска Америка, вклучувајќи го и Бразил, кој забележа скоро 20.000 нови случаи.

Вилијам Хаселтин, научник кој работи на истражување поврзано со карцином, ХИВ / СИДА и човечкиот геном, рече дека најдобриот пристап кон пандемијата е да управуваат со болеста со внимателно следење на инфекции и строги мерки за изолација секогаш кога ќе започне да се шири, пишува „Гардијан“.

Вели дека вакцината може да се развие, но тој „нема да смета на тоа“ и ги повика луѓето да носат маски, да ги мијат рацете, да чистат површини и да одржат социјална дистанца.

„Не ги слушајте политичарите кои велат дека ќе имаме вакцина кога ќе започнат нивните избори“, рече тој.

„Можеби ќе имаме, но јас само велам дека не е сигурна работа, затоа што секој пат кога луѓето се обидоа да направат вакцина, на пример за САРС или МАРС – не заштитуваше“.

Вакцините претходно изработени за други видови на коронавирус не успеаја да ја заштитат носната слузница во која обично влегува вирусот во телото, рече тој.

Соединетите држави и другите земји не сториле доволно за да ги присилат луѓето изложени на вирусот да се изолираат, рече Хаселтин, но ги пофали напорите на Кина, Јужна Кореја и Тајван за борба против инфекцијата.

Поврзани вести

Покрената истрага за голем број смртни случаи во домовите за стари лица во Италија

Трицифрен број на нови жртви во Франција

Влатко Зорба

Опасни членови на банда побегнале од затвор низ дупка на плафонот

Фан клубот на Несторовиќ станува се поголем: Докторот добил необична слика на Фејсбук (фото)

Никола Поповски

Полицаец скокнал од 13-ти кат за да фати педофил (ВИДЕО)

Германија: Граѓаните смеат да протестираат на улица и покрај мерките за карантин