Вести СВЕТ

Американскиот амбасадор во Турција повикан на разговор заради усвоената резолуција за Ерменците

Турското Mинистерство за надворешни работи денеска го повика на разговор американскиот амбасадор Дејвид Сатерфилд поради вчера усвоената резолуција од страна на Сенатот на САД, според која масовното убиство на Ерменците од страна на Османлиите пред еден век претставува геноцид.

Анкара го оцени тој потег за неважечки и ги обвини американските пратеници за политизирање на историјата.

Резолуцијата е предлог на демократскиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси и републиканскиот сенатор Тед Круз од Тексас и со неа се потврдува дека геноцидот навистина се случил и Турција е одговорна за истиот. Таа веќе трипати беше одбиена на барање на Белата куќа, но вчера беше едногласно одобрена.

Турција со години лобира против американското признавање на геноцидот над Ерменците.

Арам Хампаријан, извршниот директор на Ерменскиот национален комитет во САД, турското повеќедецениско спротивставување на Резолуцијата го оцени како „најдолгото вето на американската надворешна политика“.

Според историчарите речиси милион и пол Ерменци се убиени во периодот од 1915 до 1917 година и го оценуваат за првиот геноцид во 20 век. Турција ја оспорува таквата квалификација тврдејќи дека цифрата на убиени е преувеличена, а убиените се всушност жртви на граѓанската војна.

Поврзани вести

Трамп: Да не сум претседател би тужел

Тунберг од Давос: Светските лидери не ги слушаат нашите барања за намалување на фосилните горива

Никола Поповски

Донатори ветија 8,8 милијарди долари за програмите за вакцинирање во најсиромашните земји

Гаф на Ердоган на состанокот со Путин: Донесе роковник, па заборави да го затвори, камерите овековечија важен детаљ! (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Корбин вети радикални промени и нов договор за Брегзит

Бројката починати од коронавирусот достигна 3.000