Вести СВЕТ

Американските власти соопштија: Џејкоб Блејк имал нож во својот автомобил

Младиот Афроамериканец Џејкоб Блејк, кој е тешко ранет од полицијата, која очигледно претерала со употребата на сила, поттикнувајќи антирасистички протести во САД, имал нож во својот автомобил, соопштиле властите во Висконсин во средата, пренесува АФП.

Во соопштението на Министерството за правда на сојузната држава се вели дека полицијата пристигнала на местото на настанот во Кеноша по телефонски повик од една жена која рекла дека кај неа има „пријател кој не смее да биде таму“.

Кога отишле на местото на настанот, соопштила полицијата, полицајците „неуспешно се обиделе да ја уапсат“ Блејк со помош на електричен парализатор (електрошокер)

29-годишниот татко во семејството ги предупредил дека „има нож со себе“, соопштиле локалните власти.

Инспекторите пронашле нож на подот на автомобилот во кој немало друго оружје, додале властите, откривајќи го името на полицискиот службеник, кој испукал седум куршуми во грбот на младиот човек: Рустен Шески. Тој во моментов е привремено суспендиран од работната функција заедно со уште полициски службеник

Поврзани вести

Полицијата го совлада мажот во Кент кој излезе на тераса и почна да пука (ВИДЕО)

Александар Петровски

Вивиен Вествуд од кафез бара слобода за Џулијан Асанж

Stefanija Kuzmanovska

Нова надеж: Вакцината на „Новавакс“ успешно произведува антитела

Влатко Зорба

Во протестите во Иран загинале 115 лица, тврди „Амнести“

Влатко Зорба

Клинтон: Жените политичарки се соочуваат со насилство во врска со женските права

Германија: Две кули за ладење на поранешна нуклеарна централа уништени со експлозија (видео)