Вести СВЕТ

Американско истражување: Микрокапките можат да останат во воздухот повеќе од 10 минути, говорот значителен начин на ширење на вирусите

Микрокапките од луѓето додека зборуваат, можат да останат во воздухот повеќе од десет минути, покажала студија објавена во средата, што укажува на веројатната улога на овие капки во ширењето на Ковид-19.

Научниците од американскиот Национален институт за дијабетес, дигестија и болести на бубрезите (НИДДК) ги проучувале испитаниците додека гласно ги повторувале зборовите „останете здрави“ во текот на 25 секунди во затворена кутија.

Тие користеле ласер за да го осветлуваат аеросолот што субјектот ги произведува за време на говорот за да ги видат и да избројат микрокапките.

Тие остануваат во воздухот во просек 12 минути, според истражувањето објавено во магазинот „Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America“(PNAS).

Земајќи ја предвид познатата концентрација на коронавирус во плунката, научниците процениле дека секоја минута на гласниот говор може да произведе повеќе од 1000 микрокапки кои содржат вируси и кои можат да останат во воздухот осум или повеќе минути во затворено.

„Визуелизацијата покажува како нормалниот говор создава микрокапки кои можат да останат во воздухот десетици минути или повеќе и имаат значајна можност за пренесување на болести во затворено“, заклучија научниците.

Истиот тим, во еден труд објавен во април во „New England Journal of Medicine“, веќе открил дека потивок говор произведува помалку микрокапки.

Ако заразата со „Ковид-19“ се потврди со разговор, тоа ќе обезбеди научна основа за препораките за носење маска за лице што се воведени во многу земји и ќе помогне да се објасни зошто коронавирусот се шири толку брзо.

Некои експерти за ширење на вирусот веруваат дека вирусот може да се пренес само ако сте во близина на заразено лице кое кашла или кива, при што вие ги вдишувате неговите микрокапки.

Поврзани вести

Обид за киднапирање на авион на аеродромот во Амстердам

Српски министер за здравство: Веднаш по приемот на ВМА, беше проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен

Бразилски полицајци обвинети за клекнување на врат на црна жена

Александар Петровски

Над четири милиони и сто илјади лица заразени со Ковид-19 во светот

Вучиќ: Почна производството на лекот хлорокин против коронавирусот

Некогаш беше „црно злато“, денес на нафтата ѝ се ближи крајот

Stefanija Kuzmanovska