Регион СВЕТ

Апокалиптични сцени во Грција: Ураганот Јанос носи се пред себе (видео)

Три лица загинаа како резултат на медитеранскиот ураган Јанос, многу редок вид на бура што го погоди поголемиот дел од Грција во саботата, соопштија грчките власти во неделата, а потрагата по друго исчезнато лице е во тек.

Невремето во петокот корнело дрвја и предизвикало прекини на електричната енергија на Јонските острови и западниот Пелопонез.

Потоа се проширило во централна Грција, погодувајќи ги главно областите околу градовите Кардица и Фарсала, а после тоа го опфатило и јужниот грчки остров Крит.

Спасувачите во неделата пронашле тело на маж под урнатините на неговиот дом во село во близина на Кардица, објави грчката новинска агенција.

Спасувачите добија стотици повици од жителите чии куќи и продавници се поплавени.

Во општината Паламас, нивото на водата во градовите Влахос и Метаморфоди е на критично ниво, а исто така е критично и во областа Калогријан, која што е поплавена.

Како што се наведува, ураганот ќе влијае и на економијата во таа област, бидејќи земјоделците немаа време за берба и ќе останат без производи.

Поврзани вести

Фон дер Лајен: Контактите на старите лица во Европа со другите треба да останат ограничени барем до крајот на годината

Александар Петровски

„ФТ“: Смртноста од коронавирусот можеби е 60% поголема од официјалните податоци

Никола Поповски

Дачиќ до Тачи: Ако е признавање на Косово или ништо – тогаш ништо

Влатко Зорба

Во Германија е потврден 17-от случај на новиот коронавирус

Анкета: Скоро 60 отсто од Словенците поддржуваат предвремени парламентарни избори, Пахор најпопуларен политичар

Никола Поповски

Коронавирусот циркулирал во Милано 26 дена пред првиот откриен случај