Вести СВЕТ

Астронаут од НАСА со совети за социјална изолација: Да се води дневник, да гледаме ТВ и да спиеме многу

Американскиот астронаут Скот Кели, кој помина речиси една година во Меѓународната вселенска станица како дел од мисија, советува како луѓето можат да ја преживеат социјалната изолација која е наметната кај повеќе од една милијарда луѓе во светот поради пандемијата на коронавирус, објави „Дејли Меил“.

Пензионираниот астронаут на НАСА во една статија во весникот „Њујорк Тајмс“ вели дека најдобрата контраиндикција на изолацијата е „излегувањето“. Токму тоа и глетката на природата најмногу му недостигале за време на неговата вселенска мисија.

Тој советува, при присилна изолација, да се држиме до распоред на активности, да се води дневник, да гледаме телевизија и да спиеме многу.

– Не треба да тренирате два и пол часа на ден, како што бараат астронаутите, но не е лошо да се вежба барем еднаш дневно, препорачува Кели. 

Поврзани вести

Д-р Стевановиќ: Почина здрав дечко од 26 години, младите мора да ги почитуваат мерките

Италија: Пораст на бројот на починати и заразени од коронавирус

Николаидис: Да не е членка на НАТО, Црна Гора ќе гореше

„Лансет“: Најнадежната вакцина против корона доаѓа од Кина

Stefanija Kuzmanovska

Руски научник: Правилна одлука е прекинот во тестирањето на оксфордската вакцина, компликациите се сериозни

Никола Поповски

Дачиќ: Без екстремни промени во односот на Вашингтон кон дијалогот со Приштина

Никола Поповски