ЕУ СВЕТ

 Австриската Влада подготви план за евентуален втор бран на ширење на Ковид-19

Австриската Влада подготви план за евентуален втор бран на ширење на Ковид-19, што предвидува нови рестриктивни мерки, а прво ќе се затворат училиштата.

Планот е фокусиран на превенција, а стапката на зараза и факторот на репродукција на вирусот детално ќе се анализираат и во случај на голем скок ќе се реагира брзо.

Всушност, ако во еден регион, општина, град или покраина има експоненцијален раст, Владата ќе воведе карантин.

Исто така планирано е да се воведе и физичко дистанцирање, угостителските објекти ќе се затворат, а на крај ќе се затворат и продавниците.

Австриската Влада се надева дека вториот бран на зараза со новиот коронавирус би бил многу слаб.

Поврзани вести

Марин Ле Пен се прашува дали коронавирусот излегол од лабораторија

Stefanija Kuzmanovska

ДВ: Полувистинито и непотребно реалити-шоу на Трамп

Никола Поповски

Ведрана Рудан: Дали е подобро да останеме живи и без работа или да умреме од коронавирус?

Црногорската полиција нема да ги обезбедува литиите со над 200 лица, веднаш ќе се апсат одговорните

Медиуми: Албанците се најбројни странски државјани во затворите во Велика Британија,

И Ѓукановиќ на состанокот на „Мал Шенген” во Тирана