ЕУ СВЕТ

Барние: Велика Британија ги отфрли сите нови одложувања по процесот на излез од EУ

Велика Британија ги отфрли сите нови одложувања по процесот на излез од Eвропската унија. Ова го соопшти главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, на брифинг по рунда преговори за Брегзит, што се одвиваа од далечина.

– Владата на Велика Британија одби какво било одложување на конечното повлекување од европскиот пазар, кое е планирано за 31 декември 2020 година. Ова е датумот на економскиот Брегзит, односно крајот на преодниот период по политичкиот Брегзит, 1 февруари 2020 година, изјави Барние.

Истовремено, тој, исто така, нагласи дека Велика Британија ја одолговлекува работата за подготовка на договор за идните односи со заедницата по преодниот рок за нејзино повлекување.

– Велика Британија го забавува процесот на преговори. Оваа недела одби да отвори конструктивни разговори за четирите клучни точки што се содржани во политичката декларација на Брисел и Лондон, додаде Барние.

Поврзани вести

Конзумирање алкохол на улиците во Брисел ќе биде забрането

Влатко Зорба

Не престануваат судирите заради новиот закон за државјанство во Индија: Седум луѓе загинаа во Њу Делхи (ВИДЕО)

Приватни забави во Германија: 35 лица заразени, 160 во карантин

Познатиот руски пулмолог најтешките случаи не ги праќа на респиратори туку ги лечи со својот метод!

Пресврт: Повеќето Каталонци сега не сакаат независност

Републиканците ликуваат: Демократите не можат да организираат ни партиски собир, а сакаат да ја водат владата