ЕУ СВЕТ

Барселона во пламен: Демонстрантите дивееја, полицијата мораше да интервенира (ВИДЕО)

Во Барселона синоќа дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, на третиот ден од протестите против пресудите за лидерите на каталонските сепаратисти.

Полициските единици за сузбивање нереди истрелале пенест гас, додека демонстрантите палеле контејнери и автомобили во близина на одделот за внатрешни работи на регионалната Влада во главниот град на Каталонија.

Пожарот блокираше најмалку четири улици.

Демонстрантите претходно синоќа фрлаа ролни тоалетна хартија, затоа што, како што рекоа организаторите, „има многу работи што треба да се исчистат“.

Демонстранти од повеќе градови во Каталонија вчера почнаа протестен марш со цел до утре да стигнат до Барселона.

Протестите почнаа во понеделникот, откако Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешното прогласување независност на Каталонија во 2017 година.

Тројца други обвинети беа прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни.

Поранешниот премиер на Каталонија, Ориол Џункуерас е осуден на 13 години затвор поради бунт и злоупотреба на јавните фондови за одржување референдум за независност на Каталонија.

Поврзани вести

Трамп ќе се сретне со Макрон и Меркел на самитот на НАТО во Лондон

Деветмилионскиот Вухан во сообраќаен карантин заради коронавирусот

Затворена теренската болница во Вухан, се намалува бројот на заразени од Ковид-19

Ерменија: Уништен азербејџански тежок ракетен лансер TOS-1A! (ВИДЕО)

Александар Петровски

Докторите ги вадат маските во Вухан: Коронавирусот е победен! (ВИДЕО)

Александар Петровски

Додик: Српскиот народ ќе се обедини во овој век, без разлика дали ќе бидам жив или не

Никола Поповски