СВЕТ

Бела куќа: Доколку Северна Кореја тестира било какви ракети, Вашингтон има „многу алатки во својата кутија“ за да одговори на ваквото тестирање

 Вашингтон ќе биде многу разочаран ако Северна Кореја тестира нуклеарна или ракета со голем дострел и ќе одговори како најголема воена и економска сила во светот, изјави  советник за безбедност на Белата куќа.

– Вашингтон има „многу алатки во својата кутија“ за да одговори на ваквото тестирање, рече Роберт О’Брајан во интервју за „Еј-Би-Си.

-Ако Ким Џонг Ун го стори тоа, ние ќе бидеме крајно разочарани и ќе го покажеме тоа, нагласи О’Брајан, осврнувајќи се на лидерот на Северна Кореја.

Северна Кореја побара од Вашингтон да понуди нова иницијатива за надминување на несогласувањата околу нуклеарната програма на Пјонгјанг. Комунистичката држава ги предупреди САД овој месец дека неуспехот да се пронајде заеднички јазик може потенцијално да резултира во несакан „Божиќен подарок“.

Поврзани вести

Оставка на ирачкиот премиер во период на антивладини протести

Падна првиот снег во Франција и предизвика хаос

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска се самоизолира

СЗО: Затворањето на градовите во Италија доведува до стабилизација

Емотивен говор на братот на Џорџ Флојд: „Зошто дивеете, тоа нема да го врати брат ми“ (видео)

Црна Гора: Кој ќе отвори продавница во недела, се соочува со парична казна од 1.000 до 10.000 евра

Maja_Serafimova